КК Борец Баскет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борец Баскет
ЛигаВтора лига мажи
Основан2009; пред 15 години (2009)
СалаГемиџии
Сала Капацитет3,500
МестоВелес
Бои на клубот         
ПретседателАнгел Љутков
ТренерВаско Бојчев
Позиција 2020/210
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


КК Борец Баскет е кошаркарски клуб со седиште во Велес, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Втората македонска кошаркарска лига. Домашните натпревари ги игра во Спортската сала Гемиџии која има капацитет од околу 3,500 гледачи.

Состав 2020/21[уреди | уреди извор]

број име и презиме висина (cm) позиција години државјанство пристигнал
во (година)
претходен клуб
0 Стефан Митрев 196 Бек 20 Македонија Македонија
1 Милан Павлов 193 Крилен центар 28 Македонија Македонија
3 Леонид Миланов 195 Крилен центар 20 Македонија Македонија
4 Бошко Ивковиќ 185 Разигрувач 36 Македонија Македонија
6 Дамјан Стојменов 190 Бек 24 Македонија Македонија 2020 КК Шкупи
7 Владимир Брчков 200 Центар 31 Македонија Македонија 2019 Влазнија Албанија
9 Васил Танев 185 Бек 24 Македонија Македонија 2020 Баскет Кам
10 Игор Темелковски 199 Крило 31 Македонија Македонија
11 Суад Карталовиќ 200 Крилен центар 20 Македонија Македонија
12 Петар Виларов 195 Бек / Крило 27 Македонија Македонија
13 Никола Зафирчев 188 Разигрувач 24 Македонија Македонија
14 Донче Бојчев 195 Бек /
Разигрувач
20 Македонија Македонија
15 Слободан Михајловски 196 Крилен центар 36 Македонија Македонија 2021
5 Мартин Котевски* 188 Бек /
Разигрувач
20 Македонија Македонија 2020 КК ТФТ (даден на позајмица)
Кирил Димов 187 Бек 22 Македонија Македонија
Александар Ристовски Бек 19 Македонија Македонија

Со ѕвезда (*) до името се означени играчите кои настапуваат под двојна лиценца.

Историја[уреди | уреди извор]

Кошаркарскиот клуб Борец Баскет бил основан во 2009 година. Не е на правен начин поврзан со поранешните велешки клубови - згаснатите КК Борец, КК Жито Вардар и КК Велес 2000. Сепак, името кое го носи е синоним за велешкиот спорт.

Во 2010 година, клубот за првпат пријавил сениорска екипа во Третата лига 2010/11. Таа сезона Борец Баскет го освоил второто место и бил унапреден во Втората македонска лига.[1] Во сезоната 2011/12, клубот сега како второлигаш, завршил на седмото место. Во сезоната 2012/13, Борец Баскет не пријавил екипа во Втората лига. Сезоната 2013/14, екипата станала вицепрвак во Третата лига и повторно била унапредена во вториот ранг. Сезоната 2014/15, екипата завршила со исто бодови како уште две екипи на второто место. Но поради полошата меѓусебна разлика, Борец Баскет паднал на четвртото место. Во пресрет на следната сезона, првакот бил Т-Баскет, кој бил унапреден во Првата лига, се откажал поради ненаоѓање на соoдветна сала. На велешкиот клуб му следувала покана за учество, но исто така поради ненаоѓање на соoдветна сала, морал да одбие. Дополнително, клубот се откажал и од Втората лига и не пријавил екипа за натпреварување. Во сезоната 2016/17, клубот под спонзорското име Борец Еуробрик,[2] повторно заиграл во Третата лига. Екипата се откажала после двете третини од сезоната и завршиле на последното седмо место на табелата.[3] Следната сезона, се натпреварувал во Третата лига.[4] Поради поделувањето на Втората лига на Исток и Запад, односно укинувањето на Третата лига, Борец Баскет припаднал на источната лига во сезоната 2018/19. Тогаш екипата завршила на петтото место во Истокот. На полусезона од следната 2019/20, за клубот потпишува поранешниот сениорски репрезентативец Владимир Брчков. Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Кошаркарската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 13 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на кошаркарските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата. До тој момент клубот атакува на четвртата позиција која води во плејоф, по неколку победи и изедначени двобои со директните конкуренти. Подоцна, Федерацијата одлучила во скратен турнир, двете најдобри екипи да бидат унапредени во Првата лига. Но на 25 јуни, Управниот одбор заклучил дека поради пандемијата, сепак натпреварување нема да има и првите пласирани екипи од Западот и Истокот (Црн Дрим и ТФТ) биле унапредени во Првата лига.

Состав 2019/20

број име и презиме висина (cm) позиција години државјанство пристигнал
во (година)
претходен клуб
0 Стефан Митрев* 196 Бек 19 Македонија Македонија
3 Леонид Миланов 195 Крилен центар 19 Македонија Македонија
4 Бошко Ивковиќ 185 Разигрувач 35 Македонија Македонија
5 Љупчо Маџуркаров 185 Бек 25 Македонија Македонија
6 Петар Виларов 195 Бек / Крило 26 Македонија Македонија
7 Милан Павлов 193 Крилен центар 27 Македонија Македонија
8 Ѓоре Ѓошевски 193 Бек 18 Македонија Македонија
9 Мартин Караколев 196 Бек 22 Македонија Македонија
10 Игор Темелковски 199 Крило 30 Македонија Македонија
11 Суад Карталовиќ* 200 Крилен центар 19 Македонија Македонија
12 Стефан Здравков 200 Центар 29 Македонија Македонија
13 Никола Зафирчев 188 Разигрувач 23 Македонија Македонија
14 Донче Бојчев 195 Бек /
Разигрувач
19 Македонија Македонија
15 Владимир Брчков 200 Центар 30 Македонија Македонија 2019 Влазнија Албанија
Томислав Петров* 188 Бек /
Разигрувач
20 Македонија Македонија 2020 Кожув (даден на позајмица)
Кирил Димов 187 Бек 21 Македонија Македонија
Повремени играчи од младинските категории
Александар Ристовски Бек 17 Македонија Македонија
Александар Здравев Крило 17 Македонија Македонија

Со ѕвезда (*) до името се означени играчите кои настапуваат под двојна лиценца.

Извор: Кошаркарска федерација на Македонија[мртва врска]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Трета лига мажи 2010/11“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2016-11-12. Посетено на 1 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Трета лига мажи 2016/17“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2017-02-13. Посетено на 1 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Трета лига мажи 2016/17“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2017-06-06. Посетено на 1 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Трета лига мажи 2017/18“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2017-12-25. Посетено на 1 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]