Споменик на Советската армија (Софија)
Споменик на Советската армија | |
---|---|
![]() | |
Општи податоци | |
Град | Софија |
Земја | Бугарија |
Почната | 1954 година |
Споменик на Советската армија (бугарски: Паметник на Съветската армия в София) — споменик кој се наоѓа во Софија, Бугарија. Споменикот е посветен на Црвената армија. Споменикот се наоѓа во центарот на градот, во близина на Орловиот мост и Софискиот универзитет.
Споменикот бил изграден во 1954 година, а како главен архитект бил Иван Фунев, чија идеја била да споменикот ја симболизира благодарноста на бугарскиот народ кон руските војници, кои ја ослободиле земјата.
По падот на комунизмот во земјата, во 1993 година било решено за рушење и демонтирање на споменикот. Сепак, до ова не дошло. Во текот на 2010 година, на друштвената мрежа Facebook била покренета повторна петиција за преместување на споменикот од централното подрачје на градот и негово поставување во музеј кој би бил посветен на комунистичкиот режим во Бугарија[1].

Наводи[уреди | уреди извор]
Координати: 42°41′26″N 23°20′4″E / 42.69056° СГШ; 23.33444° ИГД