Споменик Барбароса (Истанбул)
Споменик Барбароса | |
---|---|
Споменик Барбароса | |
Општи податоци | |
Град | Бешикташ, Истанбул |
Земја | Турција |
Почната | 1941 |
Завршена | 1944 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Анри Прост |
Инженер | Зуту Мирдидоглу |
Споменикот „Барбароса“ — споменик кој се наоѓа во Бешикташ, Истанбул, Турција. Споменикот е изработен од брона во 1944 година во спомен на славниот отомански адмирал Хајредин Барбароса.
Тој е еден од најголемите споменици во републиканскиот период. Прославите на Денот на поморството и денот на морнарицата се одржуваат секоја година пред споменикот, кој е симбол на Бешикташ.
Се наоѓа на улицата Алжир и веднаш зад мавзолејот на Барбароса. Уредувањето на плоштадот и местоположбата на статуата ги направил урбанистот Анри Прост. Подготвен е помеѓу 1941-1943 година и бил подигнат во 1944 година. Статуата ја изработил Зуту Мирдидоглу и Али Хади Бара; бронзените дела припаѓаат на Јусуф Акпанар и Али Хајдар Сејмен. Целиот споменик е висок 11,50 метри. Тежината на бронзата е 6 тони и 900 килограми.
Се состои од три дела: подлога, скулптура и столб. Десетметарската столбна плоча е на мермерна платформа. Презентацијата на Барбароса пред Сулејман I од левата страна на пиедесталот и победата кај Превеза е претставена од десната страна. Предниот дел на основата е во форма на платформа, висока два и пол метри, за да го симболизира лакот и палубата на бродот.
На основата има три бронзени фигури. Барбароса се наоѓа во средината. Облеката на споменикот била инспирирана од минијатурноста на Нигари.