Јохан Петер Екерман: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 13:31, 16 февруари 2021

Јохан Петер Екерман (германски: Johann Peter Eckermann, 21 септември 1792 - 3 декември 1854) — германски писател.

Животопис

Јохан Петер Екерман е роден во Винзен, Харбург, во сиромашно семејство.[1] Учествувал како доброволец во Наполеоновите војни (1813-1814), а потоа работел како секретар во воениот оддел во Хановер. Во 1817 година, на возраст од 25 години, тој се запишал во гимназијата во Хановер, а потоа студирал право на Универзитетот во Гетинген, но во 1822 година, по една година студирање, ги напуштил студиите.[1] В0 1823 година, Екерман му го испратил на Гете својот ракопис „Прилози кон поезијата“ (Beiträge zur Poesie) и така започнала нивната соработка,[2] а набргу се преселил во Вајмар каде работел како приватен учител. Притоа, во текот на девет години, тој му бил личен секретар на Гете,[3] а неколку години му бил учител на синот на големиот војвода. Во 1830 година заминал на пат низ Италија, заедно со синот на Гете. Во 1838 година бил назначен за војводски советник и библиотекар на војвотката.[1]

Творештво

Екерман е најпознат по својата книга „Разговори со Гете“ (Gespräche mit Goethe) која настанала како резултат на неговата работа како личен секретар во последните девет години од животот на Гете.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Chisholm 1911, стр. 885.
  2. Goethe's Theory of Colours, Part II: Physical Colours, Eastlake's Note L
  3. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 85.