Бокс: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Натпревар: дополнување
Ред 47: Ред 47:
==Боксот како тема во уметноста и во популарната култура==
==Боксот како тема во уметноста и во популарната култура==
Боксот се јавува како тема во бројни дела од [[уметност]]а и [[Популарна култура|популарната култура]], како:
Боксот се јавува како тема во бројни дела од [[уметност]]а и [[Популарна култура|популарната култура]], како:
* „Исхараната на боксерот“ - басна на американскиот писател [[Емброуз Бирс]].<ref> Емброуз Бирс, ''Басни''. Скопје: Темплум, 2016, стр. 72.</ref>
* „Исхраната на боксерот“ - басна на американскиот писател [[Емброуз Бирс]].<ref> Емброуз Бирс, ''Басни''. Скопје: Темплум, 2016, стр. 72.</ref>
* „[[Роки]]“ ([[англиски]]: ''Rocky'') - [[америка]]нски [[Спортски филм|спортски]] [[филм]] од [[1976]] година, во [[режија]] на [[Џон Ејвилдсен]].<ref>[http://raspored.hrt.hr/?raspored=1&mreza=3&datum=2017-04-06 HRT, Официјална интернет-страница (пристапено на 5.4.2017)]</ref>


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 23:08, 2 октомври 2017

Бокс
Бокс
Насоченостудирање
Земја на потеклоГрција (античко боксување)
Обединето Кралство (модерно боксување)
ОсновачРазни борци
ПотеклоНепознато
Олимписки спортОд 688 пне.

Боксот е спорт што вклучува напад и одбрана со тупаници.

Модерен бокс

Во модерниот бокс, боксерите носат меки ракавици а натпреварувањето трае 12 триминутни рунди во квадрат ограден со јажиња, познат како ринг.

Боксот во античка Грција и Рим

Во античка Грција борачите користеле тесни каиши на рацете и подлактниците, додека во Рим гладијаторите на рацете користеле кожени покривачи со метални клинци (цести) и најчесто се бореле до смрт.

Боксот од 1839 година до 1904 година

Со воведувањето на лондонските правила на рингот во 1839 год., удирањето со нога, туркањето, удирањето со глава, гризењето и удирањето под појасот, биле одстранети од стандардниот боксерски репертоар. Правилата од Квинсбери од 1867 год. барале носење ракавици, но сепак боксувањето со голи раце продолжило до 1880 год. Последниот од познатите борачи со голи раце бил Џон Л. Саливан. По Саливан, САД станале прво место по бокс, делумно поради тоа што имигрантите го обновувале влогот на боксерите. Боксот е вклучен во Олимписките игри во 1904 год.

Категории

Денес во професионалниот бокс постојат 17 тежински класи:

  • суперлесна до 48 кг
  • јуниорска мува до 49 кг
  • мува до 51 кг
  • јуниорска бантам до 52 кг
  • бантам до 53,5 кг
  • јуниорска перолесна до 55 кг
  • перолесна до 57 кг
  • јуниорска лесна до 59 кг
  • лесна до 61 кг
  • јуниорска велтер до 63,5 кг
  • велтер до 67 кг
  • јуниорска среднотешка до 70 кг
  • среднотешка до 72,5 кг
  • суперсредна до 76 кг
  • лесно-тешка до 79 кг
  • полутешка до 86 кг
  • тешка над 86 кг

Натпревар

Натпреварот може да биде добиен со нокаутирање или со соборување на еден противник со броење до 10,(КО) или со делење уверливи удари и така собирајќи што повеќе поени. Судијата, исто така, може да ја запре борбата кога еден боксер е лошо удрен (технички нокаут или ТКО) или може да го дискфалификува боксерот поради нарушување на правилата и да додели победа на неговиот противник.[1]

Боксот како тема во уметноста и во популарната култура

Боксот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

Наводи

  1. Британика
  2. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 72.
  3. HRT, Официјална интернет-страница (пристапено на 5.4.2017)