Сојуз 17 октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сојуз 17 октомври
руски: Союз 17 Октября
ПретседателАлександар Гучков
Основана1905 (1905)
ШтабСанкт-Петербург, Руско Царство
ИдеологијаРеформизам
Либерален конзервативизам
Политичка положбаЦентрална десница
Меѓународна припадностнема
Бои         сина, бела
Политика на Русија
Политички партии
Избори

Сојуз 17 октомври (руски: Союз 17 Октября), позната и како Октомвриска партија или Октомвристи (руски: Октябристы) — поранешна либерално-реформистичка уставно-монархистичка политичка партија во доцната Руска империја.

Историја[уреди | уреди извор]

Демонстрацијата на 17 октомври 1905, насликана од Илја Репин

Статутот на партијата за умерен конституционализам се залагал за исполнување на октомврискиот манифест на царот Николај II како кулминација на Руската револуција во 1905 година. Партијата се основала при крајот на октомври 1905, а од 1906 година партијата ја водел индустријалецот Александар Гучков кој се здобил со поддршка од централно-либералното благородништво, бизнисмени и некои бирократи.

За разлика од нивните ривали од левицата, Уставотворните демократи, Октомвристите биле цврсти на ставот за формирање на уставна монархија. Во исто време тие се залагале и за силен парламент како и влада која би била одговорна пред истиот. Октомвристите биле во сојуз со владите на Сергеј Вите во периодот помеѓу 1905 и 1906 година и Петар Столипин во периодот помеѓу 1906 и 1911 година, но ја критикувале владата поради дополнителните законски мерки како и бавното темпо на воведување на реформи, особено по крајот на револуцијата во 1907 и не ја гледале потребата за дополнителни мерки кои тие ги поддржувале во периодот помеѓу 1905 и 1907 година. Статутот на Октомвристите вклучувал и приватно земјоделство како и дополнителни имотни реформи, кои биле во согласност со програмата на Столипин. Тие исто така ја поддржувале владата во мерката против доделувањето на политичка автономија на етничките малцинства во царството, иако главно тие се спротивставувале на законските забрани на етничка и религиска основа.[1]

Октомвристите како и групите кои коалицирале со нив имале слаб резултат на законодавните избори во 1906 година за првата и втората државна Дума. По распадот на државната Дума на 3 јуни 1907 (според јулијанскиот календар), изборните резултати покажале наклонетост кон сопственичкото население, со тоа партијата ја формирала најголемата фракција во третата државна Дума (1907-1912). Неуспехот на партијата да ја искористи предноста на постигнатото мнозинство во државната Дума како и неможноста да влијате врз политиките на владата довело до внатрешна поделба во партијата во 1913 поради лошиот резултат на законодавните избори во 1912 година што резултирало со мала фракција во четвртата државна Дума (1912-17)

Со започнувањето на Првата светска војна во август 1914, умерените политички партии практично згаснале. Октомвристите престанале да постојат секаде освен во главниот град, Санкт Петербург во 1915. Неколку од истакнатите членови на партијата, особено Гучков и Михаил Роѕијанко, продолжиле да играат клучна улаго во руската политика до 1917, кога учествувале во убедувањето на Николај II да абдицира за време на Февруарската револуција и формирањето на привремената руска влада. Со падот на Романови во март, партијата станала една од водечките партии во првата привремена влада.[2]

Некои членови од партијата подоцна учествувале во Белото движење по Октомвриската револуција и за време на Руската граѓанска војна со тоа станувајќи активни во Белите емиграциски кругови по победата на Болшевиците во 1920. По овие случувања, Октомвриската револуција му дало сосема поинакво значење како и конотација во руската политика на зборот „Октобрист“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Октомвриската партија била постојано под притисок од страна на нејзините западни регионални организации со цел да заземе посилен националистички став, кој влијаел на нивната позиција на тоа прашање.
  2. Првично, Николај II абдицирал во негово име како и во името на неговиот 12 годишен син Алексеј. Неговиот либерален брат Михаил требал да го наследи. Михаил одбил да стане цар се додека тоа не било побарано од Серуското уставотворно собрание, кое ја оставило позицијата на шеф на државата отворена. Привремената влада ја прогласила Русија за република на 1 септември 1917, два месеци пред изборите за Уставотворното собрание во ноември. На ова прашање се ставило крај поради Болшевичкото преземање на власт на 25 и 26 октомври 1917 како и нивното сузбивање на Уставотворното собрание на 6 јануари 1918 година.