Сопствена Шведска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сопствена Шведска (шведски: Egentliga Sverige) е термин кој се користи за разликување на оние територии кои биле целосно интегрирани во Кралството Шведска, наспроти поседите и државите во унија со Шведска.[1]

Поточно, ова значи дека од приближно 1155-1156 година до Договорот од Фредрикшам во 1809 година, Шведска го вклучила најголемиот дел од денешна Финска како целосно интегриран дел од царството.[2] По 1809 година, сепак, терминот се користел за да се разликува западниот дел од поранешната источна половина на царството, т.е. Шведска од Финска.

Сканија, Халанд, Блекинге и Бохуслен, поранешни делови на Данска и Норвешка, потпаднале под шведската круна со Роксилдскиот мировен договор во 1658 година, но дури во 1719 година тие биле целосно интегрирани и станале дел од Шведска.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Juan Pan-Montojo, Frederik Pedersen (2007). Communities in European history: representations, jurisdictions, conflicts. Edizioni Plus. стр. 227. ISBN 978-88-8492-462-9.
  2. Jouko Vahtola (2003), History of Finland, ?