Соборни посланија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Соборни посланија — седум посланија од Новиот завет напишани од различни личности (или припишани на нив), иако официјално се водат како дела на апостоли. Според нивниот редослед во Библијата, тие се:

Послание Автор според текстот Традиционален припис[1] Современ став[1] Упатено кон
Послание на апостол Јаков „Јаков, слуга на Бога и на Господа Исуса Христа“ Апостол Јаков Праведниот, брат Исусов непознат Јаков дванаесетте племиња во дијаспората[2]
Прво послание на апостол Петар „Петар, апостол на Исус Христос“ Апостол Симон Петар можеби Симон Петар избраните повратници „распрнати по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витанија[3]
Второ послание на апостол Петар „Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос“ Апостол Симон Петар не е Симон Петар сите христијани[4]
Прво послание на апостол Јован неукажано Апостол Јован Богослов, син Заведеев непознат неговите христијани[5]
Второ послание на апостол Јован неукажано Апостол Јован Богослов, син Заведеев непознат „избраната госпоѓа и нејзините чеда“[6]
Трето послание на апостол Јован неукажано Апостол Јован Богослов, син Заведеев непознат „возљубениот Гај“[7]
Послание на апостол Јуда „Јуда, слуга на Исус Христос, а брат на Јаков“ Јуда, брат на Исус непознат Јуда сите христијани[8]

Авторство[уреди | уреди извор]

Три од седумте посланија се анонимни, но традиционално му се припишуваат на апостолот Јован Богослов. Поради ова тие се нарекуваат „Јованови посланија“, иако авторот е споменат само во едно од нив. Највеќето денешни стручњаци сметаат дека нивен автор не е апостолот Јован, туку некој друг. Идентитетот на авторот не е утврден и останува предмет на расправа.

Во две посланија се вели дека се напишани од апостолот Симон Петар, па затоа тие се нарекуваат „Петрови посланија“. Меѓутоа, највеќето денешни стручњаци се на ставот дека второто послание веројатно не е негово дело, бидејќи се смета дека се напишани на почетокот на II век, долго по неговата смрт. Мислењата за првото послание се поделени, иако многумина сметаат дека неговиот автор е навистина Петар.[1]

Во едно послание самиот автор се ословува како Јаков (Ἰάκωβος), но не се знае за кој Јаков се работи. Постојат неколку различни традиционални толкувања на Новиот завет во кои го наведуваат Јаков Праведниот, брат на Исус. Сепак, највеќето современи теолози го отфрлаат ова мислење, бидејќи самиот автор никаде не споменува семејна врска со Исус. Сличен е проблемот и со Посланието на апостол Јуда (Ἰούδας): пишувачот се претставува како брат на Јаков (ἀδελφὸς δὲ Ἰακώβου), но не појаснува кој Јаков. Според некои христијански традиции, ова е истиот Јаков кој го напишал Посланието на апостол Јаков, кој пак наводно е брат на Исус; оттука овој Јуда исто так бил бил брат на Исус, иако во текстот не се споменува такво нешто.[1]

Со исклучок на Петровите посланија, кои може да се псевдоепиграфски, седумте соборни посланија се ставени во новозаветниот канон, бидејќи ранохристијанските црковни отци им припишувале анонимни посланија на важни личности, па кога имињата се совпаѓале со оние на важни личности, претпоставката била дека се работи за токму тие личности.[1](4:18) Затоа македонската Библија традиционално ги нарекува „послание на апостол...“ и покрај горенаведените проблеми со приписот и прашањето колку од авторите навистина биле апостоли.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ehrman, Bart D. (2003). Lost Christianities: The Battles for Scripture and the Faiths We Never Knew. Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0195141832.
    Bart D. Ehrman (2002). 16: Forgeries in the Name of Paul. Lost Christianities. University of North Carolina at Chapel Hill. Случено во 3:10.
  2. Јаков 1,1
  3. 1 Петар 1,1
  4. 2 Петар 1,1
  5. Писмото е упатено кон примачите како „Чеда мои“ (на пр. 1 Јован 2,1) и „возљубени“ (на пр. 1 Јован 2,7). Во 1 Јован 3,2 се вели: „Возљубени, сега сме чеда Божји!“, што кажува дека авторот им ги упатува зборовите на неговите христијани, кои наизменично ги нарекува „чеда Божји“ (каде се вбројува и себеси) и „возљубени“.
  6. 2 Јован 1
  7. 3 Јован 1
  8. Јуда 1

Надворешни врски[уреди | уреди извор]