Сметководител (филм од 2016)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Сметководител“
РежисерГавин О'Конор
СценаристБил Дубјук
Настапуваат
МузикаМарк Ајшам
КинематографијаШејмус Мекгарви
МонтажаРичард Пирсон
ДистрибутерWarner Bros. Pictures
Премиера10 октомври 2016 (2016-10-10) (САД)
Времетраење128 минути[1]
Држава САД
Јазиканглиски
Буџет$44 милиони[2]
Бруто заработка$154.2 милиони[2]

Сметководител (Англиски: The Accountant) — американски акционен трилер филм од 2016 година, режиран од Гавин О'Конор и напишан од Бил Дубјук. Во главните улоги се појавуваат Бен Афлек, Ана Кендрик, Џ. К. Симонс, Џон Бернтал, Џефри Тамбор и Џон Литгоу.

Филмот својата премиера ја имал во Лос Анџелес на 10 октомври 2016 година, и бил издаден во САД на 14 октомври 2016 година од Warner Bros. Pictures. Филмот добил мешани критики и остварил заработка од преку 154 милиони долари.

Содржина[уреди | уреди извор]

Позади маската на навидум досадниот сметководител Крис Вулф (Бен Афлек), кој има високо функционален аутизам,[3] се крие едно сосема друго лице кое не е ни најмалку досадно. Тој работи за тешки криминалци и платени убијци. Крис е математички специјалист кој е повеќе склон кон бројки отколку кон луѓе. Додека работи како сметководител во мала канцеларија, тој истовремено истата работа ја работи и за најопасните светски криминални организации. Поради своите способности тој паднал во око на одделот за финансиски криминал при Министерството на финансии кој го води Реј Кинг (Џ. К. Симонс), но со текот на времето започнува да работи за компанија во која тамошната сметководителка (Ана Кендрик) открила финансиска злоупотреба која вклучува милиони долари. По книговодствената контрола, Крис полека ја разоткрива вистината.

Улоги[уреди | уреди извор]

Продукција[уреди | уреди извор]

На 12 ноември 2014 година, списанието Варајети објавило дека Ана Кендрик била во рани разговори за да игра во филмот, покрај Афлек.[4] Подоцна тој ден, било објавено дека Џ. К. Симонс исто така започнал разговори за да биде дел од актерската екипа.[5] На 14 ноември 2014 година, Џон Бертнал исто така бил во преговори.[6] На 6 јануари 2015 година, Варајети известило дека Синтија Адаи-Робинсон добила улога во филмот.[7] Една недела подоцна, Џефри Тамбор[8] и Џон Литгоу[9] исто така добиле улога. Литгоу претходно играл во филм поврзан со аутизам, и тоа во Тивок пад (1994).

Снимањето на филмот започнало на 19 јануари 2015 година во Атланта, Џорџија, САД.[10][11] Во периодот од 16–20 март 2015 година, снимањето се одвивало во Институтот за технологија во Џорџија.[12]

Издавање[уреди | уреди извор]

Заработка[уреди | уреди извор]

До 12 јануари 2017 годин, Сметководител остварил заработка од 86.2 милиони долари во САД и Канада и уште 64.1 милиони долари во други територии за вкупна заработка од 150.3 милиони долари во светски рамки, наспроти буџетот од 44 милиони долари.[2]

Сметководител започнал да се прикажува заедно со филмовите Макс Стил и Кевин Харт: Што сега?, и се очекувало да заработи 20–25 милиони од 3332 кина во првиот викенд на прикажување, иако студиото проектирало првична заработка од 15 милиони долари.[13] Филмот остварил заработка од 1.35 милиони долари од ноќното прикажување на денот пред премиерата, повеќе од филмот Исчезната (1.2 милиони долари), во кој глумел Афлек. Филмот имал заработка од 9.1 милиони долари на првиот ден на прикажување и 24.7 милиони долари во првиот викенд, завршувајќи на првото место по големината на заработка.[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Accountant (15)“. British Board of Film Classification. August 30, 2016. конс. August 30, 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 The Accountant (2016)“. Box Office Mojo. IMDb. конс. February 11, 2017. 
  3. Anderson, Jeffrey M. (October 14, 2016). The Accountant Movie Review“. Common Sense Media. конс. November 5, 2016. 
  4. Anna Kendrick In Talks to Join Ben Affleck in 'The Accountant'“, „Variety“, 12 ноември 2014 (посет. 13 ноември 2014 г).
  5. J.K. Simmons Joining Ben Affleck in 'The Accountant'“, 12 ноември 2014 (посет. 13 ноември 2014 г).
  6. 'Fury' Star Jon Bernthal in Talks to Join Ben Affleck in 'The Accountant'“, „TheWrap“, 14 ноември 2014 (посет. 15 ноември 2014 г).
  7. Kroll, Justin. 'Arrow' Actress Cynthia Addai-Robinson Joins ‘The Accountant’“. Variety. конс. 6 January 2015. 
  8. Jeffrey Tambor Joins Ben Affleck Thriller 'The Accountant'“, 14 јануари 2015 (посет. 15 јануари 2015 г).
  9. John Lithgow Joins Ben Affleck on 'The Accountant' Ledger“, Deadline.com, 14 јануари 2015 (посет. 16 јануари 2015 г).
  10. 'The Accountant', starring Ben Affleck, begins filming in Atlanta next week“, onlocationvacations.com, 13 јануари 2015 (посет. 15 јануари 2015 г).
  11. On the Set for 1/19/15: Kevin Spacey Begins on Elvis & Nixon, Director Joel Edgerton Starts on Blumhouse Film & More“, ssninsider.com, 19 јануари 2015 (посет. 20 јануари 2015 г).
  12. 'The Accountant', starring Ben Affleck, is filming at Georgia Tech all week“, onlocationvacations.com, 16 март 2015 (посет. 19 март 2015 г).
  13. „Ben Affleck's 'The Accountant' is expected to unseat 'Girl On the Train' in slow box office weekend“. Los Angeles Times. 
  14. „‘The Accountant’ Calculates $24.7M Opening; ‘Max Steel’ Rusts“. Deadline.com. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]