Сливница (Пиринско)
Сливница | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°41′N 23°10′E / 41.683°N 23.167°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Благоевград |
Површина | |
• Вкупна | 7,471 км2 (2,885 ми2) |
Надм. вис. | 170 м |
Население (2024) | |
• Вкупно | 575[1]. |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2844 |
Сливница (бугарски: Сливница) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Во текот на XIX век, селото било во составот на Петричката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Сивница (Sivnitsa) имало 23 домаќинства со 52 муслимани.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 155 жители, сите Турци.[4]
Бугарија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
На 30 декември 2015 г селото Будилци било припоено кон Сливница.[5]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото Сливница се наоѓа во планинска област. Се наоѓа на околу 3 км јужно од центарот на градот Кресна и приближно 37 км јужно од центарот на градот Благоевград.
Атарот на селото на исток се граничи со коритото на реката Струма, на север со Добромирска река, на запад со границата со Македонија и на југ со Сулево Дере.
Население[6][7]
[уреди | уреди извор]Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 98 | 209 | 303 | 646 | 700 | 680 | 687 | 623 | 599 |
![]() |
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[9]
Број на население | |
Вкупно | 599 |
Бугари | 582 |
Турци | - |
Роми | - |
Останати | - |
Не се определиле | - |
Без одговор | 13 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ www.grao.bg
- ↑ Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
- ↑ Решение на Министерски съвет № 993 от 18 декември 2015 г. Обн. ДВ. бр. 103 от 30 декември 2015 г.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Сливница, общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Попис на населението од 2011 година
|