Слепиот Орион го бара изгрејсонцето
Изглед
Творец | Никола Пусен |
---|---|
Година | 1658 |
Материјал | Масло на платно |
Димензии | 119.1 см × 182.9 см |
Место | Ликовен музеј Метрополитен, Њујорк |
Слепиот Орион го бара изгрејсонцето ― слика од 1658 година, на францускиот уметник Никола Пусен. Изработена во масло на платно, сликата прикажува сцена во која митолошкиот лик Орион кој заслепен го бара изгрејсонцето.
Сцената на сликата е вдахната од записите на асирскиот писател Лукијан за грчката митологија, вклучувајќи ја и легендата за Орион. Пусен го насликал Слепиот Орион во име на Мишел Пасар, добро познат покровител на пределното сликарство. Делото на Пусен се наоѓа во збирката на Музејот на уметност Метрополитен, кој смета дека делото е едно од најголемите пределни слики на Пусен.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Blind Orion Searching for the Rising Sun“. www.metmuseum.org. Посетено на 10 октомври 2023.