Скупи-фест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Скупи-фест е меѓународен театарски фестивал што се одржува во Македонија. Директор на фестивалот е Музбајдин Ќамили, а уметнички директор е Сенко Велинов.

Скупи-фест 2013[уреди | уреди извор]

Главната награда на седмото издание нафестивалот ја освоил Државниот театар од Тубинген, Германија.[1]

Скупи-фест 2014[уреди | уреди извор]

Осмото издание на фестивалот се одржал во периодот 31 октомври - 6 ноември 2014 година, под мотото „Маски и даски“. Претставите се одржале во Младинскиот културен центар и во театарот „Центар“ во Скопје. На фестивалот биле прикажани претставите:[2] [3]

  • „Гробница за Борис Давидович“, во режија на Ивица Булјан,
  • „Сите птици се веќе таму“, а во режија на Еберхард Колер, а во копродукција на театрите „Шлахтхаус“ од Берн и „Поколениј“ од Санкт Петербург,
  • „Градители на империјата или Шмурц“, во режија на Александар Поповски и во изведба на турскиот театар „Хајал Пердеси“,
  • „Вистинскиот Запад“ од Сем Шепард, во режија на Лаура Неџа, а во изведба на „Шетачкиот театар“ од Тирана,
  • „Претстава без наслов“, во изведба на Бриџ театар од Романија,
  • „Јерма“ од Лорка, во режија на Дијана Добрева, а во изведба на Театарот на бугарската армија,
  • „И сега: светот!“, во режија на Соња Штрајфингер, а во изведба на Државниот театар од Тубинген, Германија.

Според организаторот, за учество на фестивалот се пријавиле дури 114 театри. Жирито го сочинувале: режисерот Синиша Евтимов и актерите Муса Јусуфи и Албана Санчоли. Министерството за култура на Македонија го помогнало фестивалот со 2,6 милиони денари.[4] Бугарската претстава „Јерма“ била прогласена за најдобра на фестивалот.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Контроверзната Гробница за Борис Давидовиќ во Скопје“, Дневник, година XVIII, број 5604, четврток, 30 октомври 2014, стр. 18.
  2. „Контроверзната Гробница за Борис Давидовиќ во Скопје“, Дневник, година XVIII, број 5604, четврток, 30 октомври 2014, стр. 18.
  3. „Три претстави викендов на Скупи-фест“, Дневник, година XVIII, број 5606, сабота, 1 ноември 2014, стр. 20.
  4. „Контроверзната Гробница за Борис Давидовиќ во Скопје“, Дневник, година XVIII, број 5604, четврток, 30 октомври 2014, стр. 18.
  5. „Жестока Гробница за Борис Давидович, Јерма најдобра на Скупи-фест“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 19.