Скриена камера (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скриена камера
АвторЛидија Димковска
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрроман
ИздавачИли-или
Издадена
2014
Медиумпечатено издание
ISBN9786084525851

Скриена камерароман на македонската писателка Лидија Димковска објавена во 2004 година од издавачката куќа Или-или.[1]

За книгата[уреди | уреди извор]

Скриена камера е првиот роман на Лидија Димковска.[2]

Јунаци на романот „Скриена камера“ се тројца уметници: Лила, писателка од Македонија, Едлира, Албанка која се занимава со фотографија и Џозеф, музичар од Пакистан. Оваа тројка се запознава во Виена, каде што живеат во ист стан како стипендисти. Иако се припадници на различни позиции, од различни националности, тие се зближуваат и наоѓаат меѓусебни сличности. Приказната во романот е раскажана од два агли; првиот наратор е Лела, а вториот наратор е минијатурна камера скриена во нејзиниот ножен палец.[3]

Романот „Скриена камера“ е трогателна приказна за толеранцијата напишана во кадри кои ги доловуваат настаните меѓу љубовта и смртта. Лидија Димковска веродостојно говори за меѓучовечките односи, при што го поттикнува поимот на Другиот соочувајќи го колективното и поединечното.[3] [2]

Изданија на други јазици[уреди | уреди извор]

Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Агора во 2016 година во превод на Урош Пајиќ.[3]

Награди[уреди | уреди извор]

Книгата ја добила наградата на Друштвото на македонските писатели „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2004 година.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Скриена Камера“. goodreads.com. Посетено на 18. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „Lidija Dimkovska: SKRIVENA KAMERA“. agoraknjige.rs. Посетено на 18. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Скривена камера : роман“. plus.cobiss.net. Посетено на 18. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]