Системски ризик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Системскиот ризик го претставува ризикот дека пропаѓањето на една финансиска институција ќе предизвика пропаст на други финансиски институции, со што ќе ја загрози стабилноста на целиот финансиски систем. Според тоа, овој ризик го претставува ризикот од пропаѓање на целиот финансиски систем, наспроти ризикот врзан за поединечна фирма, група или составни делови на систем, којшто може да ги засега нив, но без да му нанесува штета на целиот систем.[1][2][3] Овој ризик може да се дефинира како „нестабилност на финансискиот систем, потенцијално катстрофална, предизвикана или поттикната од идиосинкратските настани или услови во финансиските посредувања“.[4] Тој се однесува на ризиците нанесени од поврзаностите и меѓузависностите во системот или на пазарот, каде што пропаѓањето на поединечен ентитет или неколку ентитети може да предизвика каскаден пропаст, што би можело да го упропасти целиот систем или пазар.[5] Поимот понекогаш погрешно се поистоветува со „систематски ризик“.

Системскиот ризик произлегува од големата меѓусебна поврзаност на банките и другите финансиски институции. Оттука, ако пропадне една банка, која има обврски кон друга банка, тогаш ќе се влоши финансиската состојба и на втората банка. Ако некоја друга банка има финансиски трансакции со овие две банки, негативните ефекти ќе се пренесат и на неа, итн.[6]

Регулација на системскиот ризик[уреди | уреди извор]

Како последица на финансиската криза од 2007-2008 година, Базелскиот комитет предложил методологија за определување на глобалните системски значајни банки и во 2013 година ја објавил крајната верзија на правилата за пресметка на потребниот капитал за овие банки. Притоа, глобалните системски значајни банки се групирани во неколку групи при што за секоја група е определен дополнителен капитал од нивото 1, и тоа: 1%, 1.5%, 2%, 2,5% и 3,5% од средствата пондерирани за ризикот. Списокот на глобалните системски значајни банки го објавува Одборот за финансиска стабилност еднаш годишно. На пример, во ноември 2014 година, списокот содржел 30 банки од кои 18 се наоѓале во категоријата со дополнителен капитал од 1%, шест биле во групата која треба да издвои дополнителен капитал од 1,5%, четири во групата со 2% и две банки во групата со 2,5%. Во ноември 2014 година, Одборот за финансиска стабилност ги објавил предлозите за мерење на вкупниот капацитет за апсорбирање на загубите на глобалните системски значајни банки. Предлогот бил изработен во соработка со Базелскиот комитет, а како одговор на барањето изнесено на самитот на Г-20 одржан во Санкт Петербург. Според тој предлог, вкупниот капитал (без браниците за капиталот) на глобалните системски значајни банки треба да изнесува меѓу 16% и 20% од средствата пондерирани за ризикот.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lin, Tom C. W. (2014), The New Financial Industry. 65 Alabama Law Review 567.
  2. Kaufman, G. G., and Kenneth E. S. (2003), "What is Systemic Risk, and Do Bank Regulators Retard or Contribute to It?", Independent Review, No. 7 (Winter), pp. 371-91.
  3. Hendricks, D. (2009). "Defining Systemic Risk." The Pew Financial Reform Project.
  4. Systemic Risk: Relevance, Risk Management Challenges and Open Questions Архивирано на 5 март 2009 г., Tom Daula.
  5. Schwarcz, S. L. (2008), “Systemic Risk", Duke Law School Legal Studies Paper No. 163, Georgetown Law Journal, Vol. 97, No. 1.
  6. John C. Hull, Risk Management and Financial Institutions (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 326.
  7. John C. Hull, Risk Management and Financial Institutions (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 364.

Корисна литература[уреди | уреди извор]

  • Bartram, Söhnke M.; Brown, Gregory W.; Hund, John (December 2007), "Estimating Systemic Risk in the International Financial System", Journal of Financial Economics 86 (3): 835–869.
  • Fischer, T. (2014), "No-arbitrage pricing under systemic risk: Accounting for cross-ownership”, Mathematical Finance 24 (1): 97–124.
  • Gray, Dale F. and Andreas A. Jobst (2011), "Modelling Systemic Financial Sector and Sovereign Risk," Sveriges Riksbank Economic Review, No. 2, pp. 68–106.
  • Gray, Dale F. and Andreas A. Jobst (2009), "Higher Moments and Multivariate Dependence of Implied Volatilities from Equity Options as Measures of Systemic Risk,” Global Financial Stability Report, Chapter 3, April (Washington: International Monetary Fund), pp. 128–31.
  • Gray, Dale F., Andreas A. Jobst, and Samuel Malone (2010), “Quantifying Systemic Risk and Reconceptualizing the Role of Finance for Economic Growth,” Journal of Investment Management, Vol. 8, No.2, pp. 90–110.
  • Gray, Dale F. and Andreas A. Jobst (2011), “Modeling Systemic and Sovereign Risk,” in: Berd, Arthur (ed.) Lessons from the Financial Crisis (London: RISK Books), pp. 143–85.
  • Gray, Dale F. and Andreas A. Jobst (2011), “Systemic Contingent Claims Analysis – A Model Approach to Systemic Risk,” in: LaBrosse, John R., Olivares-Caminal, Rodrigo and Dalvinder Singh (eds.) Managing Risk in the Financial System (London: Edward Elgar), pp. 93–110.