Базелски комитет за банкарска супервизија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Базелскиот комитет за банкарска супервизија (англиски: Basel Committee on Banking Supervision) претставува меѓународен форум за дискусија помеѓу националните власти за следење и место за заемна размена на информации, вклучувајќи и размена на искуства за успешноста на методите и техниките за надзор на активностите на меѓународните активни банки.

Историја за Базелскиот Комитет[уреди | уреди извор]

Нафтениот шок кој го потресе целиот свет, во осмата деценија од 20 век се прошири и на банкарскиот сектор. Таквите пореметувања кон средината на 1974 година беа причина за банкрот на Bankhaus Herstat.

Во октомври истата година Френkлин Централната банка во Њујорк исто така ги затвори своите врати после огромните загуби во девизните курсеви.Три месеци подоцна како одговор на овие и други нарушувања на меѓународните фанансиски пазари, гувернерите на централните банки на G10 земјите го воспоставија Комитетот за банкарски регулативи и супервизорски практики, подоцна преименуван како Базелски комитет за банкарска супервизија.

Комитетот беше дизајниран како форум за редовна соработка помеѓу неговите земји членки за банкарските супервизорски прашања.Неговата цел беше да се подобри финансиската стабилност преку подобрување на надзорните умешности и квалитетот на банкарството насекаде во светот.

Комитетот настојува да ги постигне своите цели со поставување минимум супервизорски стандарди:

  1. подобрување на ефикасноста на техниките за надзор на меѓународните банкарски бизниси и
  2. преку размена на информации за националните аранжмани за супервизија.

За да се справи со предизвиците претставени со диверзифицираните финансиски конгломерати, Комитетот исто така работи со други тела кои ги поставуваат стандардите, вклучувајќи ги оние за хартиите од вредност и осигурување на индустријата.

Од првиот состанок кој се одржа во февруари 1975 година, состаноците сега се одржуваат три до четири пати во годината. Откако почна да постои како тело формирано од G10 земјите, Комитетот го прошири своето членство во 2009 година и сега вклучува 27 јурисдикции.Комитетот сега го известува надзорното тело, групата гувернери на Централните Банки и Шефовите за супервизија (GHOS).[1]

Во Комитетот земјите членки се претставени од страна на нивните Централни Банки како и од страна на органите со формална одговорност за дискретна супервизија на банкарскиот бизнис. Претседател на Базелскиот Комитет е Stefan Ingves, гувернер на Riskbank, Шведска Централна банка.

Одлуките на Комитетот немаат законска сила. Наместо тоа Комитетот ги формулира супервизорските стандарди и упатстава и дава препораки за најдобрите практики во очекување дека поединечните нацоинални власти ќе ги спроведат.На овој начин, Комитетот ја охрабрува конвергенцијата кон заедничките стандарди и ја следи нивната имплементација.

Првична цел на Комитетот беше воспоставување на контакт помеѓу земјите членки.Низ заедничко залагање се очекуваше надминување на празнините во мрежата на контрола и унапредување на истата. Комитетот ги дефинира техниките со чија помош ќе се остварат поставените цели:

  1. преку размена на информации;
  2. преку зголемување на ефикасноста на техниката на контрола на банките, кои фунционираат на меѓународно ниво;
  3. поставување на минимални стандарди.


Комитетот особено се залага за остварување на контрола на банките кои делуваат интернационално, заради тоа се воспоставени две цели:

  1. да не и се дозволи на било која странска банкарска институција да избегне контрола на било кое ниво;
  2. контролите и надгледувањата да бидат адекватни.

Првиот чекор во оваа насока беше документот Конкордат донесен во 1975 година. Во мај 1983 година документот Конкордат беше ревидиран и повторно издаден под името Принципи за контрола на странските банкарски институции, во кој детално е разработена тематиката за распределба на надлежностите меѓу домашните и странските регулатори.

Во април 1990 година беше издаден додаток на Конкордат од 1983 година со цел подобрување на прекуграничниот проток на информации помеѓу банкарските супервизори.Во јуни 1992 година одредени принципи на Конкордат беа преформулирани како минимум стандарди.Овие стандарди беа соопштени на другите органи за банкарска супервизија кои беа поканети да ги подржат и објават во jули 1992 година.

Во октомври 1996 година, Комитетот го објави извештајот за супервизија на прекуграничното банкарство изготвен од страна на заедничка работна група во која беа вклучени супервизорите од не G10 земјите.Документот ги презентираше предлозите за надминување на пречките за ефикасен консолидиран надзор на прекуграничните операции на меѓународните банки.

Вклучувањето на супервизорите од не G10 земјите исто така одигра витална улога во формулирањето на Основните принципи на Комитетот за ефикасна банкарска супервизија во следната година.Поттикот за овој документ потекнува од извештајот донесен во 1996 година од страна на министрите за финансии на G-7 земјите во кој се бараше ефективна супервизија во сите важни финансиски пазари, влучувајќи ги и оние на новите економии.

Откако се објави документот во септември 1977 година беа утврдени 25 основни принципи, за кои Базелскиот Комитет веруваше дека треба да бидат спроведени преку системот за супервизија.После неколку ревизии, (повеќето од нив неодамна направени во септември 2012 година), документот сега содржи 29 принципи со кои се опфаќа потребата за рана интервенција и навремена активност на надзорот; супервизорските очекувања на банките, како и усогласеност со супервизорските стандарди.


Намена и улога[уреди | уреди извор]

Мандат[уреди | уреди извор]

Базелскиот комитет за банкарска супервизија е примарен глобален поставувач на стандрди за прудентна регулатива на банките и обезбедува форум за соработка за банкарските супервизорски прашања.Неговиот мандат е да ја зајакне регулацијата, супервизијта и практиките на банките насекаде во светот со цел да се подобри финансиската стабилност.[2]

Активност[уреди | уреди извор]

Базелскиот комитет ги извршува следниве активности:

  1. размена на информации за случувањата во банкрскиот сектор и финансиските пазари, да помогне да се идентификуваат тековните или новите ризици за глобалниот финансиски систем;
  2. споделување на надзорните прашања, пристапи и техники за промовирање на заедничкото разбирање и да се подобри прекуграничната соработка;
  3. воспоставување и унапредување на глобалните стандарди за регулирање и надзор на банките;
  4. решавање на регулаторните и надзорните празнини кои претставуваат ризици за финансиската стабилност;
  5. следење на спроведувањето на стандардите на Базелскиот комитет во земјите членки и пошироко;
  6. координирање и соработка со другите поставувачи на стандарди во финансискиот сектор и меѓународните тела, посебно оние кои се влучени во промовирањето на финансиската стабилност.

Правен статус[уреди | уреди извор]

Базелскиот комитет не поседува никаква формална наднационлна власт. Неговите одлуки немаат правна сила. Наместо тоа, Базелскиот комитет се потпира на обврските на своите членови за да до постигне својот мандат.

Членство[уреди | уреди извор]

Членки во Базелскиот Комитет може да бидат организации со овластување за директна банкарска супервизија и централните банки.

Откако ќе се консултира со Комитетот, претседателот на Базелскиот Комитет може да покани и други организации кои ќе станат набљудувачи во Базелскиот Комитет.

Членките во Базелскиот Комитет и оние со статус на набљудувачи периодично се преиспитуваат.

При прифаќањето нови членки, посебно внимание ќе се посвети на нивните значајни национални банкарски сектори за меѓународна финансиска стабилност.Комитетот ќе упати препораки до неговото надзорно тело, групата гувернери и шефовите за супервизија за измени во членството.

Секретаријатот ќе ја објави листата на членки и набљудувачи на неговата веб страна.

Одговорности на земјите членки во Базелскиот Комитет[уреди | уреди извор]

Членките во Базелскиот Комитет се обврзани да:

  1. работат заедно за да се оствари мандатот на Базелскиот Комитет;
  2. ја промовираат финансискта стабилност;
  3. придонесуваат активно за равој на Базелските стандарди, упатства и добрите практики;
  4. учествуваат во коментарите за да се процени конзистентноста и ефикасноста на домашните правила во однос на Базелските стандарди;
  5. ги промовираат интересите на глобалната финансиска стабилност, а не само националните интереси, додека учествуваат во работата на Комитетот и одлучувањето;
  6. ги имплементираат и применуваат Базелските стандарди во нивните домашни јурисдикции без претходно дефинирана временска рамка поставена од Комитетот.


Надзорен орган[уреди | уреди извор]

Групата гувернери на Централните Банки и Шефовите за супервизија е надзорен орган(GHOS).Неговите надлежности се:

  1. да ја одобри Базелската Повелба и измените од овој документ;
  2. да обезбеди општа насока во програмата за работа на Базелскиот Комитет;
  3. да го назначи претседателот на Комитетот од неговите редови.Ако претседателот на Комитетот престане да биде член во Базелскиот Комитет пред да заврши неговиот/нејзиниот мандат, Комитетот ќе назначи нов претседател.Се додека новиот претседател не биде назначен Генералниот секретар ќе ја врши функцијата претседател.

Организација[уреди | уреди извор]

Внатрешната организациона структура на Базелскиот Комитет се состои од:[3]

  1. Комитет
  2. Групи, работни групи и оперативни групи
  3. Претседател
  4. Секретаријат


Комитетот[уреди | уреди извор]

Комитетот е крајно одлучувачко тело во Комитетот.

Одговорности[уреди | уреди извор]

Комитетот е одговорен за:

  1. развој, насочување и следење на програмата за работа на Комитетот во рамките на општата насока предвидена од страна на гувернерите на центрлните банки и шефовите за надзор;
  2. воспоставување и промовирање на Базелските стандарди, упатства и добрите практики;
  3. воспоставување и расфомирање на групите, работните групи и оперативните групи; одобрување и прилагодување на нивните мандати; и следење на нивниот напредок;
  4. одлучува за организациските прописи преку кои ги регулираат своите активности.

Фреквенција на состаноците[уреди | уреди извор]

Комитетот обично се состанува четири пати во годината.Сепак, претседателот може да одлучи да одржи дополнителен состанок ако е потребно.

Преставување на состаноците на Комитетот[уреди | уреди извор]

Претседателот претседава со состаноците на Комитетот.Сите членки во Комитетот и набљудувачите имаат право да назначат по еден преставник кој ќе присуствува на состаноците на Комитетот.Претставниците треба да бидат високи функционери од нивните организации и треба да имаат овластување доверено од нивните институции.Претставниците на состаноците на Комитетот се очекува да бидат на пример лице на чело банкарската супервизија, шеф на банкарска политика, шеф на одделението за финансиска стабилност и сл.

Одлуки[уреди | уреди извор]

Одлуките се донесуваат со консензус помеѓу неговите членки.

Соопштување на одлуките[уреди | уреди извор]

Одлуките од јавен интерес треба да бидат соопштени преку веб страната на Комиетот.Комитетот треба да ги пренесе неговите одлуки и преку печатот.


Групи, работни групи и оперативни групи[уреди | уреди извор]

Работата на Базелскиот Комитет во голема мера е организирана во групи, работни групи и оперативни групи.Секретаријатот го прави јавно достапен списокот на групите и работните групи.

Групи[уреди | уреди извор]

Групите го известуваат директно Комитетот.Тие се дел од постојаната внатрешна структура на Комитетот и на тој начин работат без одредена испорака и краен датум.

Работни групи[уреди | уреди извор]

Работнитте групи се состојат од експерти кои се членови на Комитетот за да ја подржуваат технички работата на групите.

Оперативни групи[уреди | уреди извор]

Опертивните групи се создадени да превземаат конкретни задачи за многу кратко време.Тие обично се составени од технички експерти.Меѓутоа, кога овие групации се создадени од страна на Комитетот, оперативните групи се состојат од претставници во Комитетот со цел да се справат со конкретните прашања кои барааат брзо внимание од Комитетот.Во многу случаи тие се нарекуваат високо ниво на оперативни групи.


Претседател[уреди | уреди извор]

Претседателот ја насочува работата на Комитетот во согласност со мандатот на Базелскиот Комитет.

Назначување[уреди | уреди извор]

Претседателот е назначен од страна на надзорниот комитет во времетраење од три години со можност да се обнови уште еднаш.

Одговорности[уреди | уреди извор]

Претседателот е одговорен за:

  1. да ги свикува и претседава на состаноците на Комитетот.Ако претседателот е спречен да присуствува на состаноците, тој или таа може да го одреди Генералниот Секретар да претседава на состанокот во негово или нејзино име;
  2. да го следи напредокот на програмата за работа на Базелскиот Комитет и да обезбеди оперативна насока помеѓу состаноците за пренесување на одлуките надвор од Комитетот;
  3. да го известува надзорниот одбор;
  4. да го претставува Базелскиот Комитет надворешно, и да биде главен потпарол на Комитетот.


Секретаријат[уреди | уреди извор]

Секретаријатот е воспоставен од Банката за Меѓународни Порамнувања со цел да ја подржи работата на Комитетот, Претседателот и групите преку кои Базелскиот Комитет ја организира неговата работа.

Одговорности[уреди | уреди извор]

Главните одговорности на Секретаријатот се:

  1. да обезбеди помош и подршка за Комитетот, Претседателот, групите, работните групи и оперативните групи;
  2. да обезбеди навремен ефикасен проток на информации до сите членки на Базелскиот Комитет;
  3. да ја олесни соработката меѓу групите, работните групи и оперативните групи;
  4. да го олесни контактот помеѓу членките на Базелскиот Комитет и органите кои не се членки;
  5. да ја подржи соработката помеѓу Базелскиот Комитет и другите институции;
  6. да ги извршува сите функции кои се доделуваат од страна на Комитетот и Претседателот;
  7. да ја одржува евиденцијата во Базелскиот Комитет, администрирање на веб страната на Комитетот.

Генерален Секретаријат[уреди | уреди извор]

Генералниот Секретаријат го известува Претседателот и ја насочува работата на Секретаријатот.Генералниот Секретаријат раководи со финансиските, материјалните и човечките ресурси доделени од страна на Секретаријатот.Тој исто така му помага на претседателот во преставувањето на Комитетот надворешно. Генералниот Секретаријат е избран од Претседателот, но по препорака на комисијата за избор составена од членки во Базелскиот Комитет и/или членови на GHOS и високи функционери во Банката за Меѓународни Порамнувања.Времетраењето на неговиот манадат е обично три години со можност да биде продолжен.

Заменик на Генералниот секретар[уреди | уреди извор]

Заменикот на Генералниот Секретар го известува и му помага на Генералниот Секретар при извршување на неговите надлежности.Заменикот на Генералниот Секретар го заменува Генералниот Секретар во случај на отсуство, неспособност или по барање од страна на Генералниот Секретар. Заменикот на Генералниот Секретаријат е избран од страна на Генералниот Секретар во соработка со Претседателот.

Локација на Секретаријатот[уреди | уреди извор]

Секретаријатот се наоѓа во Банката за Меѓународни Порамнувања во Базел.

Базелските стандарди, упатства и добрите практики[уреди | уреди извор]

Базелските стандарди[уреди | уреди извор]

Базелскиот Комитет ги поставува стандардите за прудентна регулатива и супервизија на банките.Комитетот очекува целосна имплементација на овие стандарди од страна на неговите членки и нивните меѓународни активни банки.Сепак, Базелските стандарди претставуваат минимум барања и членките може да одлучат да одат подалеку од нив.

Упатства[уреди | уреди извор]

Упатствата ги елаборираат стандардите во областите каде тие се сметаат за посакувани за прудентна регулатива и супервизија на банките, посебно за меѓународните активни банки.Тие генерално се дополнување на Базелските стандарди преку обезбедување на дополнителни насоки со цел за нивно спроведување.

Добрите практики[уреди | уреди извор]

Добрите практики генерално ги опишуваат вистинските набљудувани практики, со цел да се промовира заедничкото разбирање и подобрување на надзорот или банкарските практики.Членовите на Комитетот се охрабруваат да ги споредат овие практики со оние кои се применуваат од самите нив и нивните надгледувани институции за да се идентификуваат потенцијалните области за подобрување.

Наводи[уреди | уреди извор]