Синиот гром (филм од 1983)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Синиот гром (англиски: Blue Thunder) – американски филм од 1983 година, во режија на Џон Бедхем, а според сценариото на Ден О'Бенон и Дон Џејкоби. Главните улоги ги толкуваат: Рој Шајдер, Ворен Оутс, Кенди Кларк, Малком Мекдауел и Даниел Стерн. Во филмот бил употребен делумно прилагодениот француски хеликоптер од типот Aérospatiale SA-341G Gazelle при што неверојатните маневри на хеликоптерот биле изведени со помош на далечински управуван модел. По една година од појавата на филмот била прикажана и истоимената телевизиска серија.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

„Синиот гром“ 3 посебен полициски хеликоптер, опремен со најсовремено оружје, наменет за смирување улични нереди. Неговите конструктори го ангажираат пилотот Френк Марфи (го игра Шајдер), ветеран од Виетнамската војна, за да го изведе пробниот лет. Тој открива дека хеликоптерот е наменет за контрола на политичките противници и тогаш на неговиот живот му се заканува опасност...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]