Синагога Португезе (Битола, XVI в.)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Синагога „Португезe“
Изгорената синагога „Португезе“ меѓу 1919 и 1929, браќа Манаки
Општи податоци
Статусурната
ГрадБитола
ЗемјаМакедонија
Координати41°1′56.08″N 21°20′0.26″E / 41.0322444° СГШ; 21.3334056° ИГД / 41.0322444; 21.3334056
Завршенакрај на XVI век
Уништена1917 година
Столбовите од синагогата во Градскиот парк

Синагога Португезехрам на португалските Евреи во Битола изграден во XVI век.[1].

Местоположба[уреди | уреди извор]

Синагогата се наоѓала на местото од денешниот хотел „Гранд централ“, на аголот меѓу улиците „Филип II Македонски“ и „Св. Нектариј Битолски“.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Евреите доселени од Португалија на почетокот за молитва се собирале во синагогата Арагон, а по 1580 години изградиле своја која се наоѓала спроти веќе постојната.[2]

Во Првата светска војна при бомбардирањето на Битола (1917) синагогата била погодена и изгорела до темел. Не била обновена. Два столба од португалската синагога и денес се наоѓаат во Градскиот парк, кои во првите години по ослободувањето послужиле како постаменти за мермерните статуетки на пионерот и пионерката во Пионерското игралиште.[3]

Опис[уреди | уреди извор]

Патник ја опишал синагогата како конструкција со три реда столбови што ја потпираат градбата одвнатре и дванаесет величествени куполи на нејзиниот кров, што на зградата и дава изглед на џамија или турски амам.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „СИНАГОГА ПОРТУГЕЗЕ“. Архивирано од изворникот на 2022-10-22. Посетено на 2022-10-23.
  2. 2,0 2,1 2,2 Ѓоргиев, Зоран (31.01.2023). „Битолски хотел ги крепи темелите на познатата синагога Ил Кал Португал во Битола“. Бабам Битола. Посетено на 28 декември 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Стерјовски, Александар (2020). Градби. Конзулат на Република Македонија во Република Македонија. стр. 165. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help); |access-date= бара |url= (help)