Синагога Арагон (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Срушената синагога Арагон во Битола
Олтарот на синагогата Арагон во Битола, меѓу 1918 и 1941 година, браќа Манаки

Синагога Арагон (ⅩⅤⅠ в.) – централен храм на арагонските (шпански) Евреи во Битола. Во Тора арката постоел Тора свиток донесен од Арагон (ⅩⅤ в.).

Во храмот служеле многу познати рабини, како: Адижес Давид (1575), Аврахам Фалкон (1643), шмуел Чадок (крајот на ⅩⅤⅠⅠ в.), Бенјамин Медина (1730), Аврахам бен Јехуда де Бу-тон (1760), Давид де Бутон (1794), Меркадо Камхи (1838), Ариел-Бен Цион (1913), Шабтај Џаин (1924), Аврахам Мориц Романо – последниот битолски рабин (1931)[1].

Во Втората светска војна бугарската војска синагогата ја претворила во кланица за свињи, а пред крајот на војната била запалена. Арагон Синагогата била една од најголемите на Балканот.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993, 125;
  • Марк Цохен, Ласт Центурс оф а Сефардс Комунитатис. Јидисш - Монастир 1839–1943,
  • Њујорк, 2003; Еврејски извори за обштествено–икономическото развитие на Балканските земи през ⅩⅤⅠⅠ век, Ⅱ, София, 1960. Ј. Нам.

Наводи[уреди | уреди извор]