Селанска буна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Убивањето на Матија Губец

Селанска буна е историски роман на хрватскиот писател Аугуст Шеноа. Првпат е објавен во списанието „Вијенац“ во 1877 година. Ова е еден од петте романи на Август Шеноа, и се смета за негов најважен историски роман. Дејството на романот се темели на вистински настани за време на востанието на Матија Губец, кое избило во 1573 година поради зголемени даноци, но и поради теророт што го вршел Фрањо Тахи и другите аристократи.[1]

Дејство на романот[уреди | уреди извор]

Во романот се одвиваат повеќе паралелни дејства: судирот на Урсула Хенинг и Фрањо Тахи, незадоволството на селаните, несреќната љубов меѓу Јана и Ѓуро Могаиќ, како и љубовта на Софија Хенинг и Тома Милиќ.[2] Аристократите се поделени на две спротивставени страни. На чело на едната е Фрањо Тахи заедно со банот Петар Ердодиј и Гашпар Алапиќ. Против нив се Урсула Хенинг и Амброз Грегоријанец. Побуната започнува кога Тахи неправедно сака да ја протера Урсула од нејзиниот имот. На почетокот на романот, Урсула е на страната на селаните, а откако ќе се дознае дека сака да ја омажи својата ќерка за синот на Тахи, селаните се вртат против неа.

Шеноа ги опишува односите меѓу феудалците, како и положбата на селаните кои се поделени на слободни и кметови. Детално се опишани масовните сцени на битките, а најмногу се итканува Матија Губец, водачот на побунетите селани, кој е во директен судир со Фрањо Тахи. Губец е кмет од Стубица, борец за правда, кого селаните подоцна ќе го прогласат за „крал“. На крајот од романот, Матија Губец е убиен пред црквата Свети Марко во Загреб, со тоа што спасува неколкумина од своите луѓе.

Шеноа во романот го осудува однесувањето на аристократијата, ги критикува неодлучните и превртливи водачи, и зборува за еднаквост и братство на сите луѓе.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]