Сегединска синагога

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сегединската синагога
Внатрешноста на синагогата
Куполата на Сегединската синагога

Сегединската синагога (унгарски: Szegedi zsinagóga) е синагога во Сегедин во Унгарија. Овој објект бил изграден во 1907 година и бил дезајниран од еврејскиот унгарски архитект Липот Баумхорн (1860-1932), чии дела претставуваат најдобри примери за уникатниот унгарски стил кој претставува комбинација на југендстилот и историцизмот, понекогаш познат и како "маџарски стил".[1] Таа била користена од еврејската заедница во Сегедин.

Внатрешноста на објектот, со својата висока купола од 48.5 метри, е базирана врз неколку историски стилови кои заедно ја креираат уникатната комбинација на југендстилот и мавританската преродба. Ребрестиот ѕид над оргулите имаат готско потекло, додека столбовите што ги поддржуваат галериите се римски.[2]

Внатрешноста на големата купола, како и сите витражи на градбата, се дело на уметникот Микса Рот.

Шарите се во облик на растението милодух (хисоп), растение кое се користело во античките храмови.

Сегединската синагога е втора по големина во Унгарија по Големата синагога во Будимпешта, како и 4-та најголема во светот.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Historism and Art Nouveau in Hungarian architecture around 1900 http://www.art-nouveau.hu/art.php?menuid=2&id=102
  2. Szeged Synagogue
  3. Lipot Baumhorn, additional text.
Светиот ковчег на синагогата

Надворешни врски[уреди | уреди извор]