Свети Полиевкт
Свети Полиевкт | |
---|---|
Починал(а) | 10 јануари 259, Малетина, Ерменија |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква; Православна црква |
Слава | 13 февруари (Католичка црква); 9 јануари (Православна црква) |
Заштитништво | vows and treaty agreements |
Полиевкт е христијански маченик и светец од 3 век.
Еден од првите христијански маченици во ерменскиот град Малетина бил Полиевкт кој пострадал во 259 година, за време на римскиот цар Валеријан. Во тој град живееле двајца пријатели. Според преданието, во тој град живееле двајцата пријатели офицери Неарх и Полиевкт. Неарх бил крстен а Полиевкт некрстен. Кога излегла заповедта на царот за гонење на христијаните, Неарх се подготвувал за смртта, но бил во голема тага што не успеал да го преведе својот другар Полиевкт во православната вера. Кога Полиевкт ја дознал причината за тагата на Неарх, му ветил дека ќе премине во верата.
Утредента, тој му го раскажал својот сон: му се јавил самиот Господ во светлина, го симнал од него старото облекло и го облекол во ново, пресветло, седнувајќи го во седло на крилест коњ. Потоа Полиевкт отишол во градот, ја искинал царската заповед за мачењето на христијаните и искршил многу идолски статуи. За тоа бил мачен и осуден на смрт. Кога бил изведен на губилиштето, тој го здогледал Неарха во толпата од народ и радосно мувикнал: “Спасувај се, мој драг другару! сети се на заветот на љубовта што e утврден меѓу нас!” И Неарх подоцна завршил како маченик, во оган[1].
Во православната црква нејзиниот ден се слави на 9 јануари.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Охридски пролог“ стр. 11
|