Свети Михаил имал петел

Од Википедија — слободната енциклопедија

Свети Михаил имал петел (италијански: San Michele aveva un gallo) - италијански филм од 1971 година, во режија на браќата Паоло Тавијани и Виторио Тавијани, кои се автори и на сценариото. Филмот е заснован на расказот на Лав Толстој, „Божественото и човечкото“. Главните улоги ги толкуваат: Џулио Броги (Giulio Brogi), Даниеле Дублино (Daniele Dublino) и Ренато Кестје (Renato Cestie).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива кон крајот на 19 век. Џулио Манери (го игра Броги) е наивен идеалист од граѓанско семејство, кој себеси се смета за анархист. Тој собира група луѓе со кои се обидува да крене бунт во едно село. Намерата на Џулио е политички да ги освести селаните, но тие не му обрнуваат внимание. Притоа, неколку луѓе се убиени, а тој е осуден на смртна казна, но пред извршувањето на казната, таа му е заменета со робија во траење од дваесет години. Во ќелијата, Џулио е сам, а за да не полуди, тој зборува сам со себе и со замислениет соговорници. Одвреме-навреме, тој ја кажува песната „Свети Михаил имал петел“ на која се сеќава од детството. По десет години, тој е преместен во друг затвор, каде се среќава со други револуционери.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]