Свети Меркуриј го убива Јулијан Отпадникот (Св. Ѓорѓи, Струга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Меркуриј го убива Јулијан Отпадникот
Свети Меркуриј го убива Јулијан Отпадникот
Година 15 век (15 век)
Место Струга

Свети Меркуриј го убива Јулијан Отпадникот или Свети Меркуриј го убива Јулијан Апостат е икона која се наоѓа во Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга. Таа е трета по ред на оваа тема во Охридско[1][2] Фронтално поставен со горниот дел од телото, Свети Меркуриј со цинобер ореол, победоносно јава бел ат, кој со развиорена грива ги крева копитата врз Отстапникот. Погоден од копјето, паднатиот цар само се насетува во долниот десен агол. Меркуриј е прикажан во кожен панцир со метален стегач; цинобер хламида со бисерни украси, врзана во крупен јазол на градите; куса зелена туника; сини чорапи со црно-црвени шарки и окер обувки; метален шлем со широк визир и долг пердув на врвот; кружен штит, профилиран по надворешниот раб и мотив на црна лозичка врз белото средишно поле; меч и лак со тоболец за стрели во нејасни фрагменти до телото. Во горниот десен агол, словенски натпис во три реда, пишуван со цинобер врз окер заднината, ја сведочи содржината: Мерькоурï[е] /велïкï [по]корьï /..с…в.ïтек

Освен чувството за композиција и пропорции, во сликарската постапка на иконописецот е обележје тврдата темна, најчесто црна линија. Инкарнатот го гради врз светол окер со маслинести нијанси, цинобер акцентиран на образите, носот и устата, како и по некој бел по тег врз лицето и вратот. Физиономските одлики на светителот со полно образно лице, кадрава коса до под ушите, куса темна брада и мустаќи, како и моделацијата на него виот шлем, најблиските аналогии ги насочуваат кон црквата Св. Богородица во Велестово, близу Охрид, поточно кон ликот на Св. Меркуриј насликан во 1444 годиба. Меѓутоа, дуктусот на буквите од струшката икона има поголеми сличности со велестовскиот натпис од 1450/51 година, или пак, со оние од помладиот живопис во црквата Св. Константин и Елена[3], така што има основа да се смета дека анонимниот автор на иконата бил поврзан со Охрид околу средината на 15 век.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. H. Delehaye, Les légendes grecques des saints militaries, Paris 1909, 96-101;
  2. Ch. Walter, The warrior saints in Byzantine Art and Tradition, Aldershot 2003, 101-108.
  3. Суботиќ, нав. дело, 64 (за натписот врз западниот влез во Велестово), 82-83 (за јужната фасада во Св. Кон стантин и Елена, околу 1460 г.)