Света Нина
Света Нина | |
---|---|
Икона на Света Нина | |
Роден(а) | 300, |
Починал(а) | 332-335 |
Почитуван(а) во | православие, Древноисточни цркви, Римокатоличка црква, Источни католички цркви |
Главно светилиште | Bodbe Monastery |
Слава | 15 јануари (Римокатоличка црква)
14 јануари (27) (Православие) |
Заштитништво | Georgia |
Света Нина (грузиски: წმინდა ნინო, грчки: Άγιη Νίνω; (296-335) е христијански светец. Света Нина е роднина на Ѓорѓи и на Јувенал, патријарх на Ерусалим. Откако се замонашиле нејзините родители, истото го сторила и таа која била воспитувана под раководство на патријархот Јувенал. Кога слушнала за грузискиот народ, девицата Нина уште од мала сакала да појде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. На сон и се јавила Пресвета Богородица и ветила дека ќе ја одведе во таа земја. Според историчарот Руфин, кралот паганин, довел многу христијански робови во Грузија. Меѓу нив била и една девојка која се викала Нина. Кога ја прашале како се вика, таа одговорила: "Кристијана", а тоа значи "христијанка", и така го добила своето име. Света Нина по пристигнувањето во Грузија спеала да го покрсти грузискиот цар Миријан, неговата сопруга Нана и нивниот син Бекар кои, со ревност ја помагале мисионерската работа на Нина. Нина успеала за време на својот живот да ја помине цела Грузија и главно да го преведе целиот народ во Христовата вера и тоа токму во времето на страшните гонења на христијаните од страна на царот Диоклецијан. Починала во 335 година[1].
Православната црква нејзиниот ден го чествува на 14 јануари.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Охридски пролог“ стр. 18
|