Сам (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Сам“филм на режисерот Владимир Погачиќ од 1959 година. ПОгачиќ е автор и на сценариото, а музиката е дело на Бојан Адамич. лавните улоги ги играат: Никола Симиќ, Милан Пузиќ, Павле Вуисиќ и Северин Бијелиќ. Филмската критика го истакнува овој филм како пример во еволуцијата на жанрот кој е познат како партизански филм. Притоа, критиката го истакнува сценариото во кое нагласокот е ставен врз психолошкото профилириање на ликовите, наместо дотогашната сурова идеолошка пропаганда.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива за време на Битката на Сутјеска и прикажува еден партизански одред кој е отсечен од главниот дел од партизанската војска. Гонет од бројниот непријател, одредот се обидува да го пробие германскиот обрач.

Наводи[уреди | уреди извор]