Саморамнотежна двоколка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Саморамнотежна двоколка

Саморамнотежна двоколка, жироскопска двоколка или саморамнотежен скутер, често наведуван како лебдечка даска[1][2][3][4][5] - преносливо возило на електричен погон кој се напојува од акумулатори. Се состои од две тркала поставени паралелно едно покрај друго, со мала платформа меѓу нив на која стои управувачот. Управувачот го контролира уредот со своите стапала (со навалување), стоејќи на вградените жироскопски сетилници. .[6][7][8]

Во 2014 година повеќе вакви уреди се појавиле во Кина, а во 2015 година, станале многу популарни во Соединетите Држави по бројни појавувања на славни личности со нив.[9]

Историја[уреди | уреди извор]

Саморамнотежна двоколка во Чикаго, 2015 г.

Шејн Чен, американски стопанственик кој го основал претпријатието „Инвентист“, поднел барање за признавање на неговиот пронајдок саморамнотежна двоколка.[10] Во интервју за Лос Анџелес тајмс, Чен ги изнел своите фрустрации во однос на патентните права во Кина. Тврдел дека Солоухил, неговата саморамнотежна едноколка (моноцикл), бил копиран од други производители откако се појавил во „Хепи шоу“, кинеско телевизиско шоу.[11][12] Во август 2015 година, Марк Кјубан ги соопштил плановите за купување на патентните права на „Ховертракс“ од Чен.[12] Во 2015 година американското претпријатие „Инвентист“ тврдело дека ги има патентите и ја соопштило намерата да тужи. [13]

Претпријатието „Сегвеј“ тврдело дека ги има патентите кои ѝ даваат исклучиви права да ги продава саморамнотежните двоколки во САД. Еден од производителите, Најнбот, за да ја реши расправијата, ја презел Сегвеј во април 2015.[14]

Заради брзото темпо на кинеската производна индустрија, тешко е да се одреди кое кинеско претпријатие прво го произвела уредот. Според Дејвид Пирс од магазинот Вајед, веројатно уредот бил пронајден како „Смарт С1“ од Чик роботикс, кинеско технолошко претпријатие основано во 2013 година. [9] Смарт С1 бил прикажан во 2014 година и веднаш доживеал успех. Претпријатието ги патентирало технологиите кои се однесуваат на уредот, но заради лабавата кинеска патентна политика, производот бил копиран од повеќе кинески производители.[9]

Од јуни 2015 година, двоколките ги изработуваат неколку производители од Кина. [15] Најголемиот број од двоколките се произведуваат во фабриките за масовно производство Шенџен.[16]

Растечката популарност во западните земји првично им се припишува на многуте славни личности кои користеле разни модели од овој производ.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. New Yorkers can’t be bothered to walk anymore Reed Tucker. New York Post. August 20, 2015. Retrieved January 3, 2016
  2. Amazon tells customers: Get rid of your exploding hoverboards Dan Hyde. The U.K. Telegraph. December 16, 2015. Retrieved January 3, 2016
  3. Man Sues Hoverboard Maker Swagway Over Fire That Damaged His Home James Eng. NBC News. December 16, 2015. Retrieved January 3, 2016
  4. Is The Popular Hoverboard The Most Dangerous Holiday Gift? CBS Detroit. December 29, 2015. Retrieved January 3, 2016
  5. Hoverboard sparks house fire in Australia The Telegraph. U.K. January 5, 2015. Retrieved January 5, 2015
  6. Meet the 'hoverboard' that got Wiz Khalifa arrested Rick Broida. Fortune. August 26, 2015. Retrieved October 14, 2015
  7. Hoverboards seen hogging limelight at Gitex Shopper Naushad K Cherrayil. Gulf News. October 5, 2015. Retrieved October 14, 2015
  8. 2-wheel electric scooters take off Robert A. Chronkleton. The Kansas City Star. September 20, 2015. Retrieved October 14, 2015
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 The Weird Origin Story of the World’s Most Viral Scooter“, „Wired“, 29 јуни 2015 (посет. 12 октомври 2015 г).
  10. „About :: Inventist“. Investist.com. 
  11. For Solowheel maker, a patent rights nightmare in China“, „Los Angeles Times“, 30 мај 2015.
  12. 12,0 12,1 CW33. „Patent wars: Mark Cuban involved in 'hoverboard' battle“, „AOL“, 18 септември 2015.
  13. Jerry Beilinson. „Hovertrax and the battle of the auto-balancing skateboards“. 
  14. Hiawatha Bray (13 May 2016). „Segway pounces on hoverboard market“. Boston Globe. 
  15. How To Make Millions Of Hoverboards (Almost) Overnight Joseph Bernstein. Buzzfeed. Nov. 27, 2015.
  16. „How To Make Millions Of Hoverboards (Almost) Overnight“. BuzzFeed. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]