Саат-кула (Улцињ)
Саат-кула | |
---|---|
Сахат кула | |
Саат-кулата гледана од ридот Пињеш, во позадина е Љамовата џамија | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Општи податоци | |
Вид | Кула |
Стил | Отоманска архитектура |
Град | Улцињ |
Земја | Црна Гора |
Координати | 41°55′48″N 19°12′29″E / 41.929996° СГШ; 19.208114° ИГД |
Завршена | 1754 |
Саат-кулата (црногорски: Сахат кула, албански: Sahat Kulla, турски: Saat Kulesi) ― саат-кула во Улцињ, Црна Гора. Изградена била во 1754 година за време на владеењето на Отоманската Империја над градот, со помош на дарувања од граѓаните на Улцињ.
Цели
[уреди | уреди извор]Главните цели на кулата биле да ги повикува луѓето на нивните работни места, да ги потсетува на нивните должности и да ги освести за времето. Нејзината местоположба била внимателно избрана, бидејќи може да се види или да се слуша часовникот од секој дел на градот. Има правоаголна основа, а изработена е од убаво неправилен исечен камен. Саат-кулата се наоѓа во близина на џамијата Намазѓаху и џамијата Криепазари. Долго време во Улцињ постоел човек со титулата мувекит (османски турски за „времезапазувач“), а негова должност била да се грижи за исправноста на часовникот на кулата.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Stari grad Ulcinj, montenegro.travel
- ↑ Tvrđava u Ulcinju Архивирано на 25 јули 2022 г., waytomonte.com