Рутилиј Намацијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Рутилиј Клавдиј Намацијан (латински: Rutilius Claudius Namatianus) - римски поет.

Биографија[уреди | уреди извор]

Не е познато кога е роден Намацијан. По потекло бил од Галија, а во Рим бил на високи функции. Така, на почетокот на 5 век, тој бил управник на градот Рим, а потоа се вратил во Галија.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Од творештвото на Намацијан е сочувана само „Песна за враќањето“ (De reditu suo) во која, во елегиски дистих, го опишува своето несакано враќање по морски пат од Рим во Галија, во 416 година.[2] Во неа, Намацијан ја опејува некогашната моќ на Римското царство, но и неговата неизбежна пропаст. Притоа, тој се прашува дали некогаш повторно ќе ги види луѓето и градовите кои му биле мили.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rutilije Namacijan“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 104.
  2. Jevrosima Drašković, „Razvitak rimske lirike“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 114.
  3. „Rutilije Namacijan“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 104.