Елегичен дистих

Од Википедија — слободната енциклопедија

Елегичен дистихпоетска форма користена во грчката лирска поезија на разни теми, обично со помала должина од делата од епската. Старите Римјани често употребувале елегични дистихови во љубовната поезија, како во Овидиевите Љубови. Како кај херојските дистихови, овие стихови се обично самостојни и целосни по смисла.

Елегичниот дистих се состои од наизменични стихови со дактилски хексаметар и пентаметар: два дактила проследени од долг слог -цезура, па уште два дактила проследени од долг слог.

Еве графички приказ на скандирање. Имајте предвид дека - е долг слог, u е краток, а U е или еден долг или два кратки:

    - U | - U | - U | - U | - u u | - - 
    - U | - U | - || - u u | - u u | -

Пример[уреди | уреди извор]

Ō nūm/quām prō/ mē sătĭs / īndīg/nātĕ Cŭ/pīdō
Ō īn/ cōrdĕ mĕ/ō/ dēsĭdĭ/ōsĕ pŭ/ĕr,
Quīd mē/, quī mī/lēs nūm/quām tū/ sīgnă rĕ/līquī,
Lǣdĭs, ĕt/ īn cābe/trīs/ vūlnĕrŏr/ īpsĕ mĕ/īs ?

Поврзано[уреди | уреди извор]