Ронове

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ронове прикажан во Пеколниот речник

Во демонологијата, Ронове (француски: Ronové, Ronwe или Ronoweh) е маркиз и голем гроф од пеколот, командува со дваесет легии на демони. Тој предава уметност, реторика, јазици и на добрите и лојални слуги им ја дава наклонетоста на пријателите и непријателите.

Тој е прикажан како чудовиште кое држи стап, без детали за неговиот изглед. Тој е опишан како присвојувач на стари души; често патувајќи на земјата за да присвои души на изнемоштени луѓе и животни блиску до смрт.

За некој да може да го потчини мора да има сигил, кој според Гоетиа мора да биде направен од сребро или бакар и сребро, измешано во еднакви количини.

Исто така види[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • С.Л. Мек Грегор Матерс, А. Кроули, Гетија: малиот клуч на кралот Соломон (1904). Препечатување од 1995 година:ISBN 0-87728-847-X .