Роман за розата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роман за розата (издание од 1914 г.)

Роман за розата (француски: Roman de la Rose) — средновековна француска поема напишана во форма како алегориска сонска визија. Делото претставува разказ за млад човек кој се обидува да ја зеде розата во која се заљубил. Поемата содржи 22.000 стихови кои се меѓусебно римувани. Првите 4058 стихови се напишани од Гијом де Лорис, за кого ништо друго не се знае, во 1237 година. Помеѓу 1275 и 1280 година Жан де Мен составил дополнителни 17.724 стихови. Делото на Гијом де Лорис требало да служи како кодекс на amour courtois (учтива љубов) за аристократијата. До крајот на 14 век поемата била преведена на средноанглиски јазик, делумно од Џефри Чосер, врз кого таа има силно влијание, како и на холандски и италијански јазик.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија:
  1. Le Rommant de la Rose [Lyons, Guillaume Le Roy, ca. 1487]
  2. Cest le Romant de la Rose. [Lyon, Imprime par G. Balsarin, 1503]