Рели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Sébastien Loeb на рели во Каталонија, 2008. година.

Рели е форма на трки со автомобили што се одвиваат на јавни и приватни патишта со модифицирани сериски автомобили. Реки трките на меѓународно ниво и во најголем дел од националните шампионати вклучуваат две класи на сертифицирани автомобили во сериско производство: автомобили од Група N и модифицирани автомобили Група А.

Историја[уреди | уреди извор]

Audi Quattro S1, еден од најјаките автомоблили од групата B.

Група B

Група Б е форма на конкуренција воведена од страна на FIA во 1982 година како замена за Група 4 и Група 5. Прописите од групата Б во сезоната 1982 дозволија речиси неограничена моќ, со само неколку ограничувања. Група Б ги има "креирано" некои од најбрзите рели автомобили досега и често се нарекува златното доба на релито. Меѓутоа, поради серија големи несреќи, од кои некои беа фатални, во 1986 година, FIA ја исклучи оваа класа од конкуренцијата.

Група А

Група А е форма на конкуренција организирана во 1986 година од страна на WRC. Кенет Ериксон ја заокружи титулата со Golf GTI 16V. Lancia беше најбрз во прилагодувањето на новите регулативи, а со својот модел Delta Integrale ја заврши дизајнерската титула шест години по ред од 1987 до 1992 година.

Пропозиции[уреди | уреди извор]

Автомобили се натпреваруваат на затворени јавни патишта или off-road области каде што возат од т.н. точка-до-точка (англ. point-to-point) формат. Возачите и нивните совозачи собираат групи на поени со тоа што ги освојуваат во редовни интервали од почетокот на натпреварот. Релито обично се одвива во текот на неколку фази на посебни етапи (англ.special stages) на кое било поле каде што на учесниците им е дозволено да ја преминат стазата/патеката со намалена брзина пред да влезат во натпреварот со детални описи на стенографот за деталите на патеката или на патот по кој возат. Овие детални описи се познати како т.н. белешки. Во текот на вистинскиот рели натпревар, совозачот му ги чита на глас на возачот белешките кои претходно го напишалена патеката со искористување на системот за интерфон во заштитен шлем, овозможувајќи да го поминат секој дел што е можно побрзо. Бодирање е врз основа на најкраткото вкупното изминато време на посебни фази вклучувајќи ги и можните казни. Главната серија на релито во светот е Светскиот рели шампионат (WRC). Има многу регионални шампионати и затоа многу земји имаат свој национален шампионат. Некои од најпознатите собири се Рели Монте Карло, Рели Аргентина, Рели Финска и Релито ГБ.

Светско првенство во рели[уреди | уреди извор]

Jari-Matti Latvala вози Ford Focus RS WRC 09 на 2010 Rally Finland

Светскиот рели шампионат е натпревар составен од серија на трки организирани од страна на Меѓународната автомобилска федерација (FIA - Fédération Internationale de l'Automobile), која завршува со провинцискиот шампионат во конкуренција на возачи и во конкуренција на конструкторите. Натпреварот беше одбележан во 1973 година како Светски рели шампионат. Светскиот рели шампионат има уште три популарни трки, наречени Јуниорски светски рели шампионат (JWRC), Светски рели шампионат 2 (WRC 2), Светски рели шампионат 3 (WRC 3).

Систем за бодување[уреди | уреди извор]

Volkswagen Polo R WRC-Промоција за созона 2013.

Секоја сезона обично се возат 13 различни релија на површини од чакал, асфалт, снег и мраз. Првенството на возачите и првенството за конструкторите се два одделни шампионати, но се базираат на истиот систем на бодови. Поени се доделуваат на крајот на секој рели на првите десет возачи на WRC / JWRC / PWRC според следниот систем:

Позиција  1.   2.   3.   4.   5.   6.   7.   8.   9.   10. 
Бодови 25 18 15 12 10 8 6 4 2 1

Трки[уреди | уреди извор]

Rally Australia 2006. година.

Земји во кои се одржуваат трките: