Рекат
Изглед
Рекат (од арапски: ركعة) е една единица на исламската молитва, или намаз. Секоја молитва се состои од различен број на рекати:
- Сабах — молитва во мугри: 2 реката
- Пладне — пладневна молба: 4 реката
- Икиндија — попладневна молба: 4 реката
- Акшам — молитва на зајдисонце: 3 реката
- Јација — ноќна молитва: 4 реката
Петочната молитва (џума) се состои од 2 реката и се врши наместо пладне.
Составни делови на рекатот
[уреди | уреди извор]- Текбир (величање на Бога)
- Молби 1
- Рецитирање на сурата Ел-Фатиха
- Рецитирање на друга сура
- Руку (клањање)
- Исправување од руку
- Сеџде (паѓање ничкум)
- Исправување од сеџдето
- Второ сеџде
- Тешехуд (сведочење) 2
- Теслим (поздрав) 3
1 Се врши само во првиот рекат од молитвата.
2 Во вториот рекат се врши само првата негова половина во 3/4-рекатска молитва како Ел-Зур(4) или Ел Магреб(3), додека во целост се врши во последниот рекат во секоја стандардна н-рекатска молитва (намаз).
3 Се врши само во последниот рекат на молитвата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Анимирани напатствија за вршење на намази поделени на рекати Архивирано на 21 април 2008 г., со кириличен текст за рецитирање на арапски и македонски превод (македонски)