Ел-Фатиха
| |||
Класификација : Меканска | |||
Значење на називот | Отворање | ||
Други називи | Ум ул-Китаб Ум ул-Куран Клуч | ||
Број на сура | 1 | ||
Време на откровение | раните години на пратеништвото | ||
Статистика | |||
Број на руки | 1 | ||
Харф-е-Мукатат | Нема | ||
Број на ајати по конкретни теми | „Славење на Алах“: 3 „Врската помеѓу Создателот и созданијата“: 1 „Молитва на човештвото“: 3 | ||
Број на сиџди | Нема |
„Ел-Фатиха“ (арапски: سورة الفاتحة, Отворање) — првото поглавје на светата книга Куран. Содржи седум стиха како молитва за Божјето поведување по вистинскиот пат и нагласување на господарството и милоста Божја. Ова поглавје игра посебна улога во традиционалните дневни молитви, со тоа што се рецитира на почетокот на секоја единица молитва (реќат).
Толкување и значење на сурата Ел-Фатиха
[уреди | уреди извор]Муслиманите веруваат дека Куранот е Божје откровение/објава, на арапски јазик. Преводите на било кој друг јазик се сметаат само за површни „толкувања“ на значењето, а не веродостојни верзии на Куранот. Затоа се користат за лични/духовни потреби на оние кои не знаат арапски. Еве ваков превод на македонски (со латинична транслитерација на арапскиот оригинал).
Отворање
1:1 Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен!
- Bismillāhir rahmānir rahīm
1:2 Благодарноста Му припаѓа на Алах, Господарот на Световите,
- Al hamdu lillāhi rabbil 'ālamīn
1:3 Милостивиот, Сомилосен,
- Ar rahmānir rahīm
1:4 Владетелот на Судниот Ден!
- Māliki yawmid dīn
1:5 Ние само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!
- Iyyāka na'budu wa iyyāka nasta'īn
1:6 Упати нѐ на патот вистински,
- Ihdinās sirāt al mustaqīm
1:7 на патот на оние врз кои ја разлеа Твојата благодат, а не на патот на оние кои гневот Твој го предизвикаа и не на патот на оние кои во заблуда скршнаа!
- Sirātal ladhīna an'amta 'alayhim ghayril maghdūbi 'alayhim walād dāālīn
По рецитирањето се вели „Амин“.
Откровение
[уреди | уреди извор]Исламската веронаука, меѓу другото, се занимава и со тоа каде овие зборови му биле објавени на Мухамед - на пример, дали додека тој бил во Мека или во Медина. Според Ибн Абас и други, сурата Ел-Фатиха е Меканска сура; според Ебу Хурејре и други, ова е Мединска сура. Првиот став е општоприфатен.
Статистика
[уреди | уреди извор]Оваа сура содржи 7 стиха, 29 збора и 139 букви (или 25 и 120, ако не се брои првиот стих), иако Ибн Кесир вели: „Веронаучниците велат дека Ел-Фатиха се состои од 25 збора и дека содржи 113 букви.“ Потпаѓа под првиот хизб, и затоа првиот џуз, кои се делови од Куранот.
Претходна сура: — |
Сура 1 | Следна сура: Ел-Бекара |
Куран | ||
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 111 112 113 114 |
Преводи, толкувања и образложенија на сурата Ел-Фатиха
[уреди | уреди извор]Многу учени ја нагласуваат важноста на оваа глава во нивните дела.
Сурата Ел-Фатиха се кажува 17 пати дневно, броејќи ги само фарзовите (задолжителни) намази (молитви), од секој активен муслиман во светот. Таа е сржта на Исламот.