Прејди на содржината

Ратници

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воини за напредок на бугарството
Ратници за напредъка на българщината
ВодачПрофесор Асен Кантарџиев
Основана1936 (1936)
ШтабСофија, Бугарија
ВесникПроглед
ИдеологијаНацизам
Бугарски национализам
Расизам
Антисемитизам
Полит. положбакрајна десница
ВераБугарска православна црква
Знаме
Политика на Бугарија
Политички партии
Избори

Ратниците (Ратник), или Воините за унапредување на бугарството, биле членови на крајно десничарска бугарска националистичка организација основана во 1936 година. Нивните идеи биле блиски со идеите на нацистите во Германија, вклучително и антисемитизам и паравоенизам, но исто така и лојалност кон Бугарската православна црква. Ратниците носеле црвени униформи во целосна конкуренција со комунистите, за срцата и умовите на бугарската младина, и исто така беџови со Богар: бугарски сончев крст.

И покрај декретот за нивната лојалност кон монархијата и кралот Борис III од Бугарија, тој официјално ја распуштил организацијата во април 1939 година.[1] Забраната сепак не била спроведена и тие останале постојни.[2] Веднаш по забраната, тие извршиле едно од своите најозлогласени дела, т.н. „Бугарска Кристална ноќ“, кога на 20 септември 1939 година, Ратниците марширале во Софија фрлајќи камења кон еврејските продавници. Полицијата не интервенирала и некои излози биле скршени.[3] Александар Белев, водечки член на групата, подоцна тврдел дека нападот бил негова идеја и дека тој лично ја водел толпата.[4]

Со доаѓањето на Црвената армија и Болшевиците во Бугарија на 9 септември 1944 година, Ратниците исчезнале од бугарската сцена. Многу од водачите станале членови на бугарската национална влада во странство, некои од младите Ратници станале доброволци во Вермахт, додека други избрале да останат во Бугарија и да се борат против комунистите.

  1. Stanley G. Payne, A History of Fascism 1914-45, Routledge, 2001 p. 326
  2. Payne, A History of Fascism 1914-45, p. 429
  3. Michael Bar-Zohar, Beyond Hitler's Grasp: The Heroic Rescue of Bulgaria's Jews, Adams Media Corporation, 1998, p. 8
  4. Bar-Zohar, Beyond Hitler's Grasp, p. 51