Прејди на содржината

Рамско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рамско Езеро

Рамско Езеро е вештачко езеро кое се наоѓа во Босна и Херцеговина и е создадено во 1968 година. Максималната должина е 12 километри, зафаќа површина од околу 1.500 хектари, длабочина од 95 метри, а има осцилации на водата до 55 метри.

Населба покрај езерото

Езерото е опкружено со планините: Радуше, Макљен, Љубуша и Врана. Тука е почетокот на сливот на Јадранското Море, водата е чиста и јасна. Главен воден придонес е реката Рама, што извира од двa моќни извори југозападно од селото Варвара.

Левото врело е летно и постојано присутно, а десното е зимско и е присутно низводно. Зимското настанува со топење на снегот и мразот.