Прејди на содржината

Ракетоплан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Месершмит Me 163

Ракетопланвоздухоплов што користи ракетен мотор за погон, понекогаш како дополнување на млазниот мотор. Ракетопланите можат да постигнат многу поголеми брзини во однос на сличните по големина млазни воздухоплови, но типично за најмногу неколку минути погонување, следено од едрење. Без потреба од кислород од атмосферата, ракетопланите се погодни за летови на многу големи височини. Исто така овозможуваат многу поголеми забрзувања и пократки полетувања.

Ракетите се користеле едноставно да му помогнат на главниот погон во форма на ракетно потпомогнато полетување. Не сите ракетоплани имаат конвенционално полетување како „нормален“ воздухоплов. Некои видови биле лансирани од друго летало, додека други видови полетувале вертикално – носот во воздух, а опашката на земја.

Поради употреба на тешко гориво и разни практични тешкотии во функционирањето на ракетите, поголемиот дел ракетоплани биле изградени за експериментална употреба како ловци-пресретнувачи и семирски летала.

Ракетниот мотор XLR99 на X-15 користел амонијак и течен кислород

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]