Разговор со корисник:Brainmachine/песок2

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Ми се допаѓа предложенот компактен изглед на главната страница. Меѓутоа, околу добре дојдовте имам две забелешки: Прво: барем според моето искуство и она што го имам видено (не само на нет), споената варијанта е далеку почеста. Според тоа, не гледам зошто би било потребно Википедија да биде исклучок. Второ: од друга страна, честа е разделената верзија добро дојдовте, но и споено добродојдовте. Мислам дека за ова не треба да се придржуваме толку строго до македонскиот правопис, туку до живиот разговорен јазик. Јас сум за варијантата добродојдовте. Бојан имаш за кажување? 16:51, 29 јуни 2009 (UTC)

Здраво Бојан,
Првавописниот речник го имам во раце (К. Конески, Правописен речник на Македонскиот литературен јазик, Просветно дело, 1999, стр. 81) вели:
добра вечер (поздрав)
добра ноќ (поздрав)
добре дојде (поздрав), добре дојдовте, добре најдов“

Речникот вели (IBSN 9989-30-012-7, прв том, издание од 1994, стр. 140):
добре adv, само во изразите: Добре дојде! Добре најдов!
„добредојде n

Останатите варијанти не се според стандардот. Инаку, во мноооогу реклами, за жал, може да се најдат варијанти од типот добродојде, добро дојде и сл. Ама рекламите ни се катастрофа! Но, тоа е друга тема.
Поздрав,
Wikimk (разговор) 17:23, 29 јуни 2009 (UTC)

Правописот во некои случаи е навистина (во најмала мерка) смешен. Дадени се примери кои никој Македонец воопшто не ги користи во текот на својот живот (или пак се користат од некои постари луѓе во селата). На пример, добре најдов, или пак (еден мој сопствен пример со кој се имам сретнато) најдокрај - јас ,на пример, би кажал добро ве најдов и на крај. Токму од оваа причина сметам дека за некои работи правописот е излишен, бидејќи не ја одразува состојбата и битот или секојдневието на Македонецот.

Инаку - да, точно е дека во правописот е така напишано (добре дојде), па така е и кај нашите соседни јазици (српски и бугарски), каде кажуваат добре дошли. Бојан имаш за кажување? 17:33, 29 јуни 2009 (UTC)

Останува да решиме самите дали ќе си го почитуваме сопствениот стандард или адвертајзинг фирмите. Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:41, 29 јуни 2009 (UTC)
П.С. Јас најдокрај не го најов. :-)

Според Дигиталниот речник на македонскиот јазик:

Што значи единствен македонски збор е Добредојде/ добредојдовте/ добредојден/ добредојдени/ дебредојдена/ деобредојдено. Поздрав--Никола Стојаноски 15:24, 3 јули 2009 (UTC)