Разговор со корисник:Andonovska6

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте!

Здраво, Andonovska6, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Brest-bot (разговор) 11:31, 16 јануари 2011 (CET)[одговори]

Во врска со твоите придонеси...[уреди извор]

Здраво! Се викам Зоран и сум импресиониран од твоите статии (Миокардитис, Ангина пекторис, Гангрена, Гасна гангрена, Ампутација и Мастектомија). Ретко и добиваме така, 5 полни статии во еден ден одеднаш! Само напред! Навистина се надевам дека ќе продолжиш да пишуваш медицински статии :)

Забележав дека тие се превод на англиските статии, што е добро, меѓутоа тие се вметнати без форматирањето и што е поважно, без изворите на англиската верзија. На пример:

Како изгледа во англиската верзија (има врски до други страници и наводи):

Angina pectoris, commonly known as angina, is chest pain due to ischemia (a lack of blood, thus a lack of oxygen supply and waste removal) of the heart muscle, generally due to obstruction or spasm of the coronary arteries (the heart's blood vessels).[1]

Како изгледа твојот превод:

Ангина пекторис, или само ангина, е болка во градите предизвикана од исхемија (недостаток на крв, а со тоа и недоволен доток на кислород и недоволно исфрлање на штетни материи) на срцевиот мускул најчесто заради затнување или спазам на коронарните артерии (срцевите крвни садови).


Како треба да изгледа:

Ангина пекторис, или само ангина, е болка во градите предизвикана од исхемија (недостаток на крв, а со тоа и недоволен доток на кислород и недоволно исфрлање на штетни материи) на срцевиот мускул најчесто заради затнување или спазам на коронарните артерии (срцевите крвни садови).[1]

Со други зборови, во иднина, кога преведуваш статии од англиската Википедија, најпрво кликни на јазичето Edit за да го видиш кодот на англиската статија, копирај ја целата содржина и почни да преведуваш. Така, првата реченица што ја зедов за пример би изгледала вака:

'''Angina pectoris''', commonly known as '''angina''', is [[chest pain]] due to [[ischemia]] (a lack of blood, thus a lack of [[oxygen]] supply and waste removal) of the [[myocardium|heart muscle]], generally due to obstruction or spasm of the [[coronary circulation|coronary arteries]] (the heart's blood vessels).<ref name="urlMerckMedicus : Dorlands Medical Dictionary">{{cite web |url=http://merckmedicus.com/pp/us/hcp/thcp_dorlands_content_split.jsp?pg=/ppdocs/us/common/dorlands/drlnd/one_04/000004934.htm#000004934 |title=MerckMedicus : Dorland's Medical Dictionary |work= |accessdate=2009-01-09}}</ref>

Содржината меѓу ознаките <ref> и </ref> претставува цитирање на извор, а се појавува во текстот како фуснота[1]. Многу важно е да го оставаш тоа цитирање на извор во македонските верзии на статиите. Зборовите ставени [[меѓу средни загради]] создаваат врска до страницата со тоа име, односно меѓу средни загради.

Ваквото преведување воопшто не е различно или тешко. На пример:

'''Ангина пекторис''', или само '''ангина''', е [[болка во градите]] предизвикана од [[исхемија]]...

За крај, сакам да те заинтересиран да се приклучиш на ВикиПроект Медицина, проект чија цел е збогатување на Википедија на македонски со медицински содржини. Поздрав, и ако имаш било какви прашања, слободно пиши ми, или овде, или на мојата разговорна страница :) --Brainmachine (разговор) 04:36, 31 јули 2012 (CEST)[одговори]

Околу уредувањето[уреди извор]

Здраво Andonovska6. Секоја чест за уредувањата на википедија. Пред некој ден ги средив твоите статии додавајќи интервики, категорија и инфокутија. Покрај одличното уредување, тоа е единственото нешто што им фали на твоите статии.

Интервики. Тоа се меѓујазичните врски на википедија. Тие треба да се додадат на дното од статијата и најлесно се додаваат со копирање од соодветната статија на англиската википедија. Единствено нешто што треба да запазиш е да го додадеш англиското интервики, односно [[en:Име на статијата на англиски јазик]] кое најчесто се наоѓа над [[es:Име на статијата на шпански јазик]]. Како и да е, сигурно ќе воочиш дека се распоредени по азбучен ред.

Категорија. За подобра прегледност на статии кои спаѓаат во иста категорија се создаваат соодветни категории. Исто како и со интервикито, најлесно е да го земеш примерот од англиската википедија, каде што можеш и да ги отвориш категориите и да провериш дали веќе постои истата на википедија на македонски јазик. Пожелно е да има барем една категорија во секоја статија. Тие се додаваат над интервикито.

На пример, моите промени можеш да ги забележиш овде за статијата за Дебридман и овде за статијата за Мастектомија.

Поздрав, продолжете со исто темпо -- Kekev (разговор) 14:16, 24 август 2012 (CEST)[одговори]