Разговор:Неда Бакевска Виљалба

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Вилалба[уреди извор]

@Raso mk: Рашо според правописот без разлика како нашиве медиуми го предаваат ова нејзино презиме, тоа треба да си биде предадено согласно правилата за транскрипција, а во ниту еден јазик кој се транскрибира на македонски јазик, нема случај каде има две исти согласки, односно секогаш се предава само една. Страницава треба да се премести. --Ehrlich91 (разговор) 16:27, 11 март 2018 (CET)[одговори]

Се согласувам. И јас се мислев на почетокот, па реков ајде штом вака секаде го предаваат да не е намерно стилиризирано. Вака звучи шпански, па мислам дека две Л се предаваат како лј на Македонски, нели?--Рашо 18:15, 11 март 2018 (CET)[одговори]
@Raso mk: И мене ми звучи шпански ова. Според најновиот Правопис (издание 2017 г.) двојно „л“ се предава со наше „љ“ (во претходниот беше како што ти велиш). И патем придавката за јазици и народи секогаш се пишува со мала буква (ова за Македонски) :) --Ehrlich91 (разговор) 18:59, 11 март 2018 (CET)[одговори]
Ако веќе имаме ново правило во правописот, зошто тогаш Севилја не е Севиља? btw премести како што мислиш.--Рашо 19:19, 11 март 2018 (CET)[одговори]
Има огромни промени во шпанскиот јазик, и општо има промени во сите јазици, но тоа е потфат за кој треба време да го спроведеме и не можам јас самиот тоа. --Ehrlich91 (разговор) 22:43, 11 март 2018 (CET)[одговори]