Неда Бакевска Виљалба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Неда Бакевска Виљалба
Роден(а)5 октомври 1974
Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал(а)20 декември 2015
Скопје, Македонија Македонија
Националностмакедонка
Занимањеновинарка и преведувач

Неда Бакевска Виљалба (Скопје, 5 октомври 1974Скопје, 20 декември 2015; во медиумите нејзиното второ презиме погрешно се употребува како „Виллалба“) — македонска новинарка и преведувач.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бакевска е родена во Скопје на 5 октомври 1974 година во семејството на македонскиот писател Петре Бакевски. Во Скопје ги завршила основното и средното образование. Дипломирала на Филолошкиот факултет на групата за македонска и јужнословенски книжевности, со англиски и француски јазик и литература. Во 2001 година магистрирала комуникологија на Институтот за политичко-правни студии, одбранувајќи ја тезата насловена: „Пренесување на значењето на културното наследство на локалитетот „Кокино“ преку документарните телевизиски програми“. Во периодот 2001-2002 година била на студиски престој во САД, на програмата за професионален развој на новинари. Од 1998 година работела во книгоиздателството „Култура“ а од 2000 година се вработила во телевизијата Телма како новинарка. Бакевска била редактор и преведувач на книжевни дела од англиски јазик. Починала во Скопје на 20 декември 2015 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]