Разговор:Васил К’нчов

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Апострофот што се користи во македонскиот јазик е надолу и истиот е присутен на македонската тастатура. Мислам треба да се врати назад.--MacedonianBoy 11:02, 16 мај 2009 (UTC)

По правило, кога се става апостроф горе, треба да е ‘ (ориентиран нагоре), на пример ,,Васил Иванов‘‘. Boyan (разговор) 11:04, 16 мај 2009 (UTC)
Можеби но на тастатура го има тој надолу и во книги го имам гледано.--MacedonianBoy 11:07, 16 мај 2009 (UTC)

Мене така ме учеа во основно и средно. Има многу забуни со овој апостроф. Би сакал да слушнам и што мислат другите. Boyan (разговор) 11:09, 16 мај 2009 (UTC)

За наводници последните се нагоре, додека овој апостроф треба да е надоле. Барем така се учеше во мое време.--Р ашо 11:12, 16 мај 2009 (UTC)
Така ве учеле но не за апострофот. Имено, апострофот е надолу а случајот за кој Бојан зборува мислам се однесува за наводниците и полунаводниците. Наводниците, едните се долу а другите горе, а додека полунаводниците едната е свртана надолу како апострофот а другата е свртена нагоре како Бојан што вели. Можеби сте се збуниле со ова. Поз--MacedonianBoy 11:18, 16 мај 2009 (UTC)

Канчев[уреди извор]

Не сум сигурен но мислам по книги сум го видел ова име напишано и како Канчев, со наставка -ев на крај. Дали да има и такво пренасочување?--MacedonianBoy 18:57, 20 мај 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 22:04, 1 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]