Радослав Наумовски
Изглед
Радослав Наумовски | ||
Роден | 27 ноември 1936 Наколец, Ресенско, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | невропсихијатар |
Радослав Наумовски (роден на 27 ноември 1936 година во с. Наколец, Ресенско) — македонски невропсихијатар, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]
Медицинскиот факултетзавршил во 1963 година каде што и специјализирал (1969) и докторирал (1979). Долгогодишен шеф на Одделот за неврофизиологија, ја вовел електромиографијата како дијагностички метод и е познат епилептолог. Претседател на лигата против епилепсија во РМ и главен уредник на сп. „Епилепсија“. Автор на повеќе од сто научно-стручни трудови и две монографии.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Наумовски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 540. Text "series " ignored (help)