Путер пекан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Путер пекан

Путер пекан е вкус, истакнат особено во САД, во сладолед, колачи и колачиња. Печени пекан, путер и вкус на ванила се користат во печива со путер. Сладоледот со путер пекан е мазен сладолед од ванила со благ путер вкус, со додаден пекан. Се произведува од многу големи брендови за сладолед. Варијанта на рецептот е путер од бадем кој го заменува пеканот со бадем.

Путер пекан е популарен вкус на сладолед произведен е од многу компании и исто така е еден од триесет и еден вкус на Баскин Робинс.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Список на колачиња
  • Список на вкусови на сладолед

Наводи[уреди | уреди извор]