Прустов прашалник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Прустовиот прашалник — познат формулар со прашања, прославен од страна на францускиот писател Марсел Пруст (1871-1922). Пруст, сè уште млад, го открива тестот кон крајот на ХIX. век. Станува збор за англиска игра која помага да се разоткрие карактерот (вкусот, желбите) на решавачот. Формата на прашалникот е слична на нему сличните прашалници, кои можат да се најдат низ најразлични забавни списанија.

Прашалник[уреди | уреди извор]

Постојат два различни типа на одговори понудени од Пруст: првиот тип потекнува од 1885 или 1886, и е всушност дел од англиски албум за исповеди, иако одговорите на Пруст се на француски. Вториот, од друга страна, е од 1891 или 1892, и е дел од француски албум, Les confidences de salon („Салонски исповеди“), во кои можат да се најдат речиси истите одговори, некои се отфрлени, а некои додаени.

Прашања од Confessions Прашања од Confidences Одговорите на Пруст од 1890
Твојата омилена доблест. Мојата омилена доблест. Потребата да бидам сакан; поконкретно, потребата да бидам милуван и разгалуван повеќе отколку потребата да ми се восхитуваат.
Твоите омилени особини кај мажите. Особината која ја посакувам кај мажите. Маженствените доблести и искреноста во пријателството.
Твоите омилени особини кај жените. Особината која ја посакувам кај жените. Женскиот шарм.
Твојата главна особина. ---- ----
На што се восхитуваш највеќе кај пријателите? На што се восхитувам највеќе кај пријателите: Да се грижат за мене, но само оние кои се толку посебни што имаат висока цена за својата грижа.
Твојата главна маана. Мојата главна маана. Незнаењето, неспособноста да „посакувам“.
Твоето омилено занимање. Моето омилено занимање. Да љубам.
Твојата идеја за среќа. Мојот сон за среќа. Се плашам дека нема да биде доволно голем, не се осмелувам да го кажам од страв дека ќе го уништам ако го изговорам.
Твојата идеја за несреќа. Која би била мојата најголема несреќа? Да не ја познавав мојата мајка или мојата баба.
Кој би бил, ако не самиот себе? Што би сакал да бидам: Онаков каков што луѓето кои ги почитувам би сакале да бидам.
Каде би сакал да живееш? Земјата во која би сакал да живеам. Земја во која нештата кои ги сакам би се оствариле како со магија, каде грижата секогаш би била возвратена.
Твојата омилена боја и цвеќе. Мојата омилена боја. Убавината не во боите, туку во нивната хармонија.
---- Цвеќето кое го сакам. Неговото/Нејзиното - а по него, сите останати.[1]
---- Мојата омилена птица. Ластовица.
Твоите омилени прозаисти. Моите омилени прозаисти. Во моментов, Анатол Франс и Пјер Лоти.
Твоите омилени поети. Моите омилени поети. Бодлер и Алфред де Вињи.
Твоите омилени фиктивни јунаци. Моите омилени фиктивни јунаци. Хамлет.
Твоите омилени фиктивни хероини. Моите омилени фиктивни хероини. Беренис.
Твоите омилени сликари и композитори. Моите омилени композитори. Бетовен, Вагнер, Шуман; Леонардо да Винчи, Рембрант.
Твојата хероина од светската историја Моите хероини од историјата. Клеопатра.
Што мразам највеќе? Она што го мразам пред сè. Тоа што има нешто зло во мене.
Ликови од светската историја кои највеќе ги мразам. Историски личности кои ги презирам. Не сум доволно упатен.
Воен настан на кој највеќе му се восхитувам. Воено случување на кое највеќе му се восхитувам. Мојата служба!
Природниот талент со кој би сакал да бидам обдарен. Дар од природата кој би сакал да го имам. Волјата и заведувањето.
Како сакам да умрам? Како би сакал да починам. Најдобар и сакан.
Која ти е моменталната умствена состојба? Моментална душевна состојба. Здодевност, мислејќи на себе додека ги одговарам сите овие прашања.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Не е сигурно дали Пруст мисли на цвеќе од маж или од жена, бидејќи користи неодредена заменка, оттаде двете заменки се понудени.