Прејди на содржината

Протопрезвитер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Протопрезвитер[1][2] — немонашки почесен свештенички чин, еквивалентен на монашкиот чин игумен. Протојереите имаат право да носат и набедреник, покрај епитрафилот, фелонот и појасот.

Постои уште еден почесен чин - протоjереј ставрофор - односно протоjереј со право на носење на граден крст. Во руската традиција постои и посебен протопрезвитерски чин - митрофор, односно протоjереј со право на носење митра.

Ова одликување најчесто го добиваат искусните свештеници, кои подолго време одговорно и на корист на верните се носат со нивната свештеничка служба.

Поврзано

[уреди | уреди извор]