Пркос (растение)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Portulaca grandiflora
Portulaca grandiflora4.jpg
Portulaca grandiflora
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Јадрени евдикоти
Ред: Caryophyllales
Семејство: Portulacaceae
Род: Portulaca
Вид: P. grandiflora
Биномен назив
Portulaca grandiflora
Hook.

Пркосот (лат. Portulaca grandiflora) е едногодишно тревесто растение со месести, полегнати стебла со црвеникава боја, високи до околу 30 cm. Листовите се месести и издолжени, долги до 2,5 cm. Цветовите се 2,5 – 3 cm во пречник, со 5 венечни ливчиња, но се среќаваат и со двојно венче. Цвета во разновидни нијанси на црвено, портокалово, жолто, циклама и бело. Кај повеќето сорти цветовите се отвораат само во сончев ден. Потекнува од јужна и средна Америка. Најблиски сродници му се од фамилијата на кактуси (Cactaceae).

Одгледување[уреди | уреди извор]

Пркосот е непретенциозно растение. Расте на секаква почва, како и меѓу камењата, по што и го добил името. Ја сака сончевата светлина, вирее добро на јужен прозорец или балкон. Неговите месести стебла и лисја му помагаат да го поднесе Сонцето и сушата. Неговите семиња сами се засејуваат и напролет ‘ртат.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]