Принкипес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Принкипес (латински: principes еднина: princeps) биле дел од армиите на раната Римска република кои се бореле првично со копје, а подоцна и како мечувалци. Тие се состоеле од прилично богати мажи кои можеле да си дозволат пристојна опрема. Тие биле потешката пешадија на легијата, и носеле големи штитови и оклоп од добар квалитет.[1]

Нивната вообичаена позиција била втората борбена линија. Тие се бореле во формација на квинкункс, поддржани од лесни трупи. Тие на крајот биле распуштени по Маријанските реформи од 107 година п.н.е.

Историја и распоредување[уреди | уреди извор]

Се чини дека принкипес биле остатоци од старата трета класа на војската на етрурските кралеви која била реформирана од Марк Фуриј Камил.[2] Втората класа стоела во предните неколку редови на многу голема фаланга иако често биле опремени на сличен начин како принкипес, тие почесто биле поддршка на повисоката прва класа во предните борбени линии. По борби со Самнитите и Брен, водач на Галите, кои користеле многу помали воени единици, Римјаните ја сфатиле важноста на флексибилноста на војската која што на фалангата ѝ недостасувало.[3][4]

Камилански систем[уреди | уреди извор]

Во раниот Камилански систем на организација од 3 и 4 век п.н.е., мажите биле подредени во класи засновани на богатство, а принкипес биле најбогати по триариите.[5] Принкипес биле вооружени со кратки копја односно хаста, кои биле до 1,8 м. во должина.[6] Тие се бореле во квинкунс формација, обично носеле скутум, голем правоаголен штит, и бронзени шлемови, често со голем број на пердуви закачени на врвот. Тие носеле потешки типови на оклоп, најчеста форма бил плетен оклоп, кој нудел добар степен на заштита без да го попречува движењето.

Во овој вид легија, 900-те принкипес формирале 15 манипули, воени единици од по 60 војници.[1] Принкипес стоеле во втората борбена линија, зад хастатите на првата линија и пред триариите кои биле на третата.[5] Во договорени битки, лесната пешадија стоела пред легијата и го напаѓале непријателот со копја за фрлање за да го прекријат напредувањето на хастатите.[7]

Доколку хастатите не успееле да го скршат непријателот за време на нивниот напад, тие ќе отстапеле назад и ќе ги оставеле потешките прикнипес да го преземат нападот. Ако прикнипите не можеле да ги разбијат непријателот, тие ќе се повлекувале зад триариите, кои со тоа влегувале во борба. Еквитес, коњаниците, биле користени на крилата ги гонеле непријателите. Рорариите и акцензите во последната борбена линија биле едни од последните трупи што напаѓале, и биле користени како поддршка, обезбедувајќи и зајакнувајќи ги областите на линијата што војската ги губи.[7]

Полибиски систем[уреди | уреди извор]

До времето на Пунските војни во 3 век п.н.е., се покажало дека Камиланскиот систем не бил ефикасен. Според новиот полибијански систем, пешадијата биле подредени во класи според возраста и искуството, а не по богатството, а принкипес биле постари со ветерани со поголемо искуство.[8] Нивната опрема и улога биле многу слични како и во претходниот систем, освен што сега носеле мечеви односно гладиуси, наместо копја. Секој војник од принкипес носел и две копја за фрлање, пилум. Само со тежината се попречувал секој погоден штит (честопати го пробивал и штитот со што би се погодил човекот кој го користел), а железото било доволно тврдо што пилумот често се користел како рачно копје и против пешадијата и коњаницата. Во моментот кога копјата ќе стигнеле до непријателската линија (обично оддалечена само околу 14 м. за најдобар ефект), легионерите тргнувале во напад со мечевите. Ретко имало време непријателот да го најде копјето, да го извлече, и да го фрли назад.[9]

Принкипес бројно се зголемиле до 1.200 по легија и формирале 10 манипули од по 120 мажи.[10] Рорариите и акцензите биле распуштени. Левес биле заменети со велитес, кои имале слична улога, но сега биле приклучени кон принкипите и триариите, имало 40 велитес за секој манипул на легија. Договорените битки се воделе на сличен начин; велитите се собирале напред и фрлале копја за да го прикријат напредувањето на хастатите.[11]

Овој редослед на битка се следел скоро секогаш, освен при битката кај Големите рамнини и битката кај Зама. Кај Големите рамнини, Скипион, римскиот генерал, ги поставил своите војници на вообичаен начин, но откако хастатите влегле во борба со непријателот, тој ги користел своите принкипес и триарии како придружна сила, по што картагинските трупи почнале да бегаат.[12] Кај Зама, Скипион ги распоредил своите војници во колони, едни до други со голем простор меѓу нив. Противните картагински слонови биле вовлечени во овие празни простори каде многу од нив биле убиени од велитите без да им нанесат многу жртви на Римјаните. Откако преживеаните слонови почнале да бегаат, Скипио ги поставил своите војници во долга линија со тоа што неговите триарии и принкипес биле во центарот а хастатите биле на страните, подготвени да влезат во борба со картагинската пешадија.[13]

Маријански реформи[уреди | уреди извор]

Со формалните воени реформи на Гај Мариј во 107 година п.н.е., наменети за да се справат со намалената работна сила поради војните против Југурта, кралот на Нумидија во Северна Африка и германските племиња на север, различните класи на единици биле распуштени во целост, со тоа што легионерите биле вооружени со гладиус и 2 копја за фрлање како дел од униформа.[14] Барањата за богатство и возраст биле укинати. Наместо тоа, било утврдено дека војниците професионално ќе се приклучат на легијата, наместо како услуга на градот, и сите ќе бидат опремени како тешка пешадија со истата опрема купена од страна на државата. Помошните војници, односно локалната нерегуларна војска, имале други улоги, односно служеле како стрелци и коњаница.[15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Southern, Pat (2007). The Roman Army: A Social and Institutional History. Oxford University Press. стр. 90. ISBN 0-19-532878-7.
  2. Southern, Pat (2007). The Roman Army: A Social and Institutional History. Oxford University Press. стр. 89. ISBN 0-19-532878-7.
  3. Penrose, Jane (2005). Rome and Her Enemies: An Empire Created and Destroyed by War. Osprey Publishing. стр. 29. ISBN 1-84176-932-0.
  4. Southern, Pat (2007). The Roman Army: A Social and Institutional History. Oxford University Press. стр. 88. ISBN 0-19-532878-7.
  5. 5,0 5,1 Smith, William (1859). A Dictionary of Greek and Roman Antiquities. Little, Brown, and Co. стр. 495. ISBN 0-89341-166-3.
  6. Smith, William (1859). A Dictionary of Greek and Roman Antiquities. Little, Brown, and Co. стр. 172. ISBN 0-89341-166-3.
  7. 7,0 7,1 Mommsen, Theodor (1903). The History of Rome, Book II: From the Abolition of the Monarchy in Rome to the Union of Italy. The History of Rome. Palatine Press. ISBN 0-415-14953-3.
  8. Southern, Pat (2007). The Roman Army: A Social and Institutional History. Oxford University Press. стр. 92. ISBN 0-19-532878-7.
  9. Mommsen, Theodor (1903). The History of Rome, Book III: From the Union of Italy to the Subjugation of Carthage and the Greek States. The History of Rome. ISBN 0-415-14953-3.
  10. Smith, William (1859). A Dictionary of Greek and Roman Antiquities. Little, Brown, and Co. стр. 496. ISBN 0-89341-166-3.
  11. Penrose, Jane (2005). Rome and Her Enemies: An Empire Created and Destroyed by War. Osprey Publishing. стр. 33. ISBN 1-84176-932-0.
  12. Niebuhr, Barthold; Schmitz, Leonhard (1849). Lectures on the History of Rome, From the Earliest Times to the Fall of the Western Empire. Taylor, Walton, and Maberly. стр. 151.
  13. Sekunda, Nick; McBride, Angus (1996). Republican Roman Army 200-104 BC. Osprey Publishing. стр. 20. ISBN 1-85532-598-5.
  14. Southern, Pat (2007). The Roman Army: A Social and Institutional History. Oxford University Press. стр. 94. ISBN 0-19-532878-7.
  15. Smith, William (1859). A Dictionary of Greek and Roman Antiquities. Little, Brown, and Co. стр. 506. ISBN 0-89341-166-3.