Преспански клен

Од Википедија — слободната енциклопедија
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Squalius|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Преспански клен
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Squalius
Вид: Преспански клен
Научен назив
Squalius prespensis
(Fowler, 1977)
Синоними

Leuciscus cephalus prespensis Fowler, 1977

Преспански клен (Squalius prespensis)[2] е вид слатководна риба од семејството Ципириниди, кој расте до 25 см.. Првично бил опишан како подвид на европски клен.

Преспанскиот клен е ендемичен вид риба во сливот на Преспанското Езеро, поделен помеѓу Албанија, Грција и Северна Македонија.[1][3] Изобилува во рамките на ограниченото живеалиште и се чини дека се зголемил во изобилство во последните неколку години. Сепак, тоа е потенцијално загрозен вид од прекумерен риболов, екстракција на вода и загадување.

Опис и распространетост[уреди | уреди извор]

Телото на преспанскиот клен е вретенесто, покриено со крупни лушпи кои на рабовите се потемни па целото тело поприма мрежест изглед, Оваа особина е многу поизразено кај повозрасните единки. Попречниот пресек на телото е скоро цилиндричен. Грбната страна на телото е темнозелена, страните се сивкастожолти до сребренести, а стомачната страна е сребрено бела. Перките се со посветла или потемна нијанса на темносива боја. Градните перки се портокалови, а стомачните и аналната црвеникави. Главата е голема, широка, устата е терминална и голема. Врвот на горната усна е скоро на висина на средината на очите.[2]

Основни биолошки одлики[уреди | уреди извор]

Половата зрелост кај машките претставници на преспанскиот клен настапува и во втората година (најчесто во третата година од животот), додека пак кај женската популација една година подоцна. Кленот во Преспанското Езеро се мрести од април до јуни обично на каменеста подлога. Мрестот е порционен. Плодноста на женките изнесува меѓу 100 000 и 200 000 ситни јајца. Пречник на икрата се движи од 0,7 мм до 1,5 мм во зависност од количината на исфрлена икра. Икрата има леплив слој и се прилепува за подлогата. Развојот на ембрионите во јајцата трае околу една седмица. Преспанскиот клен е ендемичен вид карактеристичен само за Преспанското Езеро и водите кои се притоки на езерото. Максималната должина на кленот изнесува 80 см, а масата 4 кг. Животниот век на кленот е околу 20 години. Кленот добро поднесува варирање на температурата на водата, па затоа се среќава и во студени води на притоките на Преспанското Езеро како и во самото езеро. Живее во мали јата, особено помладите единки, кои се среќаваат при површината на водата. Со староста кленовите се повеќе живеат поединечно и тоа помалку или повеќе има постојани места (под корења, вирови, водени препреки и др.). Кленот се храни скоро со секаква храна (растителна и животинска): инсекти и нивни ларви, црви, ракови, мекотели, рибја икра, други риби, жаби и др. Постарите единки се повеќе грабливи.[2]

Значење[уреди | уреди извор]

Месото на кленот е доста вкусно иако има ситни коски. Ценет објект е на рекреативните риболовци.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Crivelli, A.J. (2006). "Squalius prespensis". The IUCN Red List of Threatened Species. IUCN. 2006: e.T60401A12358868. doi:10.2305/IUCN.UK.2006.RLTS.T60401A12358868.en. Retrieved 10 January 2018.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Службен весник на Р.М бр.145 2011 г.
  3. Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2014). "Squalius prespensis"FishBase. August 2014 г.