Прејди на содржината

Пресек (геометрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пресек на Колосеумот во Рим.
Конусни пресеци

во геометријата.]]

Во геометријата, пресек е пресекување на тело во 2-димензионален простор со линија, или на тело во 3-димензионален простор со рамнина итн. Поедноставно, ако пресечеме еден предмет на пола добиваме пресек.

Пресекот е и ортографска проекција на 3-димензионален премет од местото на рамнината низ тој предмет. План на основа е пресек гледан од горе. Кај ваквите перспетиви, делот од предметот пред рамнината се испушта за да се покаже што има по него. Во случај на план на основа може да се открие покривот и горниот дел од ѕидовите.

Елевациите или покривни планови се ортографски проекции, но не се пресеци бидејќи нивната рамнина на гледање е вон предметот.

Компјутерите конструираат пресеци со помош на компјутерска томографија според податоците добиени од рендгенски зраци.

Пресек е честа метода за прикажување на внатрешниот распоред на 3-димензионален предмет во две димензии. Често се користи кај техничкото цртање и по правило се шрафира. Стилот на шрафирање го означува видот на материјал низ кој минува пресекот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]